Црвени усни, за грациозен и убав изглед

од  |  0 коментари

Црвената боја отсекогаш преставувала еден од најголемите предизвици во шминкањето. Доколку црвениот кармин не го нанесувате правилно, можи да изгледате како да имате ставено премногу шминка и Вашиот изглед  да биде далеку од она што очекувавте.

Бидејќи црвените усни сами по себе се многу забележителни, треба да се внимава да не претерувате со остатокот од шминката. Ваквата шминка е во исто време и најдобар начин да го истакнете црвенилото на Вашите усни. Во суштина тука важи старото правило ако ги истакнувате усните, не истакнувајте ниту еден друг дел на лицето. Но она што е исто така важно е да не претерувате ни во истакнувањето на усните.

Без разлика на тоа дали сакате да ги нашминкате сопствените усни за да го намамите некој да Ве бакни, или затоа што сметате дека вашите усни се безбојни, или сте едноставно расположени за црвен кармин, еве неколку правила што оди, а што не оди со таква боја на усните.

Како да избереме нијанса на црвениот кармин?

Жените со посветол тен би требало да избираат посветли нијанси. Доколку имате костенлива коса и посветол тен, за Вас се идеални тоновите на бакарно црвена, длабоки тонови на портокалова и теракота. Доколку Ви е бојата на косата и тенот потемен, нека Вашата црвена биде темна и топла, во бордо и чоколадни тон.

Безбедно црвена

Доколку сакате да имате црвени усни, а се грижите да не изгледате премногу нападно, одлучете се за побезбедна варијанта, односно одлучете се за сјај за усни. Ако сакате да сјајот на Вашите усни подолго трае, осенчајте ги усните со молив, а потоа нанесете го сјајот. Тешко дека ќе се забележат Вашите грешки при сенчењето на усните, а и сјајот подолго ќе Ви трае.

Како да го нанесете црвениот кармин?

Црвениот кармин секогаш нанесувајте го малку по малку, додека не добиете рамномерен слој на боја која потоа внимателно ќе изедначите. Потоа нанесете и втор слој како би го добиле изедначен тон. Поминете со молив за усни, кој е во иста нијанса со карминот по краевите на усните како би добиле помек ефект.

Проучете го карминот

Текстурата на карминот е важна исто така колку и неговата боја бидејќи од неа зависи каков ќе биде финалниот изглед на усните. Тој може да биде мат или со светкав, односно со брилијантски сјај или со екстра сјај. “Long lasting“ е ознака која се наоѓа на долготрајните кармини кои повеќе време можат да останат непроменети. “No transfer“ означува дека тој кармин не остава траги на кожата или облека. Меѓутоа, тој ги суши усните, па пред неговото нанесување би требало да се стави подлога на усните, како на пример маст за испукани усни или хидратната крема.