Како косата да ви расте побрзо?

од  |  0 коментари

Зажаливте заради новата кратка фризура? Пред да купите продолжетоци пробајте некои од следните методи.

Пилинг на кожата од главата

Веројатно сте правеле пилинг на лице или тело, но мала е веројатноста дека тоа сте го правеле и на кожата од главата. Меѓутоа, доколку сакате косата да ви порасне побрзо тогаш правете го тоа почесто. За пилинг потребна ви е четка со меки завршетоци. Наутро или навечер рашчешлајте ја косата прамен по прамен од коренот кон врвот. Со тоа ја стимулирате циркулацијата, а со тоа и косата побрзо расте.

Јадете протеини

Влакната на косата претежно се составени од протеини, па доколку јадете протеинска храна или конзумирате шејк ќе го поттикнете побрзо растот на косата. Намирници богати со протеини се: спанаќ, јајца, риба, пилешко, ореви и зелка. Нахранете ја вашата коса внатрешно.

Масирајте ја главата

Претпоставуваме дека обожавате масажа на главата која покрај тоа што опушта и е неверојатно пријатна, може да ги отвори запушените фоликули и да поттикне растење на косата. Следниот пат за време на миење на косата, задржете се малку повеќе на масажа на главата а со тоа косата ќе ви биде благодарна.

Земајте витамини

Тоа се неколку суплементи кои можете да ги користите за да го поттикнете растот на косата. Тоа е витаминот Б7 или биотин, потоа цинк, железо и рибино масло.