Прошетајте низ ,,Портата кон светот- МИЛАНО”

од  |  0 коментари

Ах, таа Италија! Земјата каде храната е вкусна, архитектурата инспирира, уметноста остава без здив, а  додека пак луѓето се совршено елегантни. 

 Ако некој спомене префинет вкус,совршена елеганција, дизајн,прекрасен мелодичен и милозвучен јазик сигурно ќе помислете на Италија.

Зошто би се одлучиле овој 8-ми Март да го поминете во овој прекрасен град?

specijalni ponudi za 8mi mart.fw (1)

Милано е втор град по големина во Италија и е главен град во регионот Ломбардија во северниот пол на државата. Во градот живеат 1.3 милиони жители, а доколку се вклучи и околината оваа бројка се искачува до 4.8 милиони жители.Милано е индустриски центар на Италија и еден од најважните индустриски центри во Европа. Тука се наоѓаат најголемите издавачки куќи, модни куќи,маркетинг агенции,организации и многу други комерцијални фирми, не за џабе го нарекле ,,Порта кон светот’’  Но покрај се Милано е познат како најголем светски центар за мода, дом на дизајнерите како  Валентино, Армани,  Гучи, Прада, Версаче, Долче и Габана,  град кој  без сомнение ја диктира светската мода.

(16)_proshetka_niz_svetskiot_centar_na_modata_milano-www.ajdenaodmor_.mk_

Покрај тоа градот плени со својата архитектура, која неможе да остави рамнодушен ниту еден турист. Одличен пример за тоа е катедралата Duomo, посветена на Света Марија. Таа е четврта најголема  најголема катедрала во светот. Започнала да се град во 1386 година, а до ден денес сеуште се доработува и постојано се реставрира.

Плоштадот  Mercanti кој бил административен центар на градот за време на средниот век. Иако поминале векови, денес околните згради изгледаат баш исто така како тогаш. Така што ви доловува чувство како да сте се вратиле назад во средниот век.

Navigli Lombardi или каналите на Милано датираат уште од 12-тиот век, а биле направени со цел да се олесни наводнувањето . Така што во 1.300 година биле проширени за транспорт на стоки, па така нивната употреба продолжила до 19-тиот век. Денес посетителите можат да уживаат во 55-минутното крстарење по должината на Navigli Lombardi.

07

Додека пак оперскта куќа Teatro alla Scala е најголема во Европа и претставува уште едно прекрасно чудо на архитектура која морате да го посетите.Максималниот капацитет и е околу 2.000 седишта.

Замокот Сфорица е прекрасно здание изградено во 15 век од страна на Франчесто Сфорца, тогашен војвода на Милано. Денес служи како музеј и во него има уметнички галерии. За сите вљубеници во шопингот и архитектурата, задолжително место е галеријата Vitorio Emanuel II.  ДА, ДА, Добро прочитавте галерија!

(25)_proshetka_niz_svetskiot_centar_na_modata_milano-www.ajdenaodmor_.mk_

Ова е извонредно место каде што шопингот може да се претвори во вистинско уживање за секого. Галеријата Vitorio е изградена во 1870 година и плени со својот средновековен раскош и убавина. По многуте часови поминати во шопинг, можете да се опуштите и седнете во еден од најдобрите ресторани во Милано, сместени токму во оваа грациозна галерија. Покрај оваа галерија одличен шопинг можете да направите и на бескрајно долгата улица Корзо Буенос Аирес.

Но да не ги заборавиме и момците, еве што тие мораат да посетат во Милано, без разлика дали се фанови на Милан или Интер задолжително мораат да ги посетат стадионите San Siro или Dzuzepe Meaca кој што се со капацитет од над 80.000 седишта, а а тука се случувале голем број на спортски настани и спектакли како и музички концерти.

Outside the San Siro Stadium

Сите зборови и фотографии се излишни едноставно вреди да се доживее. Ова задоволство за денот на жената да биде најубавиот до сега,  ви го овозможува Ариес Травел.