Инспирирачки приказни кои ќе ве потсетат како со силна воља можете се да постигнете

од  |  0 коментари

Многу често ги занемаруваме нашите цели поради бројни изговори, но не сваќаме дека изговорите се само ѕидови кои ние самите ги градиме за да се спречиме себеси за да се потрудиме да го направиме она од кое најмногу се плашиме- а тоа е стравот од неуспех. Доколку се пронаоѓате во ова, тогаш ние ви нудиме неколку инспирирачки видеа од луѓе кои физичката ограниченост на нивните способности не ја гледаат како изговор за да го прават она што го сакаат. Најголемата пречка која најчесто ќе ја имаме е онаа во нашите глави, а кај овие луѓе  е физичката, но не престанале да се трудат за денес да бидат неизмерна инзпирација за сите околу нив. Тие не прават изговори, а вие? Погледнете ги неколкуте видеа, и размислете уште еднаш дали  сте ограничени за да ги остварите вашите соништа.

Лага е да верувате дека не сте доволно добри, лага е дека не вредите ништо” – се само дел од инспирирачките зборови на познатиот инспирационален учител Nick Vujicic кој им помага на многу луѓе ширум светот со неговите совети за мотивација. Погледнете и слушнете што овој човек сака да ви покаже и помогнете си самите да верувате повеќе во вашите способности.

Погледнете ја бабичката која на 80 годишна возраст се пријави на познатото шоу Британија има талент. Oваа стара бабичка го следела својот сон, на истиот начин можете и вие !

Инспирирачка приказна за човекот без прсти кој е виртуоз за свирење

Погледнете го видеото на кое овој млад човек свири, но  без развиени екстремитети. За да развие и да открие таков талент во себе , без разлика на неговаата неспособност е само  доказ за неговиот силен карактер и воља. А кој е вашиот изговор за да не пробате да научите нешто ново?

https://www.youtube.com/watch?v=8grlB8bsfzY

Приказна на двата балетани кои ги изгубиле своите екстремитети, Ma Li е професионална танчерка на балет која ја изгубила својата рака на 19 години, а Xiaowei ја изгубил својата нога на 4 годишна возраст. Сметате ли дека тоа што немаат екстремитети е пречка да бидат толку добри и како останатите танчери од нивната област?

https://www.youtube.com/watch?v=UTrb6i7gJAk

Приказната за Dergin Tokmak (“Stix”), кој инспирира толку луѓе во светот и е толкaв вирален хит , што неговите точки на штеки  добија место на познатата сцена на  Cirque Du Soleil. Тој бил дијагностициран со полио кога бил уште дете и страда од парцијална парализа на неговите нозе па поради тоа мора постојано да биде на штеки. Но тоа не го сопрело да биде храбар и да прави неверојатни подвизи додека танцува и да ја вчудоневидува неговата публика ширум светот со неговиот неверојатен талент.

Приказна  скејт-бордерот Neal Unger кој е скејтер на свои 60 години, не гледаме често 60 годишни дедовци да скејтаат околу нас нели?  Тој успеал овој негов сон да го оствари дури на доцна возраст, а од тоа и научил лекција за истрајност и посветеност, и решил начинот на размислување и севкупниот  креативен процес да го пренесе врз останатите сегменти од неговиот живот и да биде подобар човек кон неговото семејство и пријателите.

Добро е да си покажете себе си дека со голем труд и силна воља можете да го остварите и она што не сте го замислувале дека можете. Остварувањето на вашите желби од замисла претворете го во реалност, а првиот чекор кон нивното остварување е откажувањето од разочарувањето кое се јавува уште на самиот почеток, едноставно заборавете на тоа. Најчесто врз нашите плеќи си го ставаме митот за Сизиф како демотивација на она што самите како лимит можеме да си го поставиме. Извлечете поука од приказните на овие луѓе и ќе сватите дека кога  тие своите недостатоци не ги гледале како хендикеп за да го остварат својот сон, успеале во замислата, тоа го можете и вие. Ништо не е може да ви биде пречка на патот кон остварувањето на вашите соништа, се додека нештото го  сакате многу и му се посветувате доволно.