Зошто треба да ги одбирате внимателно своите пријатели?

од  |  0 коментари

По адолесцентните години е многу тешко да останеме во контакт со старите пријатели, а и тешко можеме да стекнеме нови. Пријателите доаѓаат и си одат, а вистинските се тие што покрај се остануваат покрај нас. Зошто треба внимателно да ги одбираме нашите пријатели? Дали знаевте дека постојат докази кои укажуваат на тоа како вистинските пријателства можат да бидат многу битни за нашиот приватен и професионален живот.

Еве ги петте научно докажани причини зошто треба да обрнеме повеќе внимание на правилните пријатели спрема магазинот Forbes:

  1. Пријателите со силна воља можат да ви помогнат за да ја зголемите вашата самодоверба и самоконтрола. Истражување од 2013 година објавено во магазинот Psychological Science укажува на тоа дека кога луѓето имаат низок степен на самоконтрола најчесто зголемувањето на нивната самодоверба го земаат од луќето со силна воља. Само контролата е витална при остварувањето на долгорочните цели, па затоа кога ги одбирате вашите пријатели гледајте покрај себе да задржите барем еден со силна воља за да ве мотивира да ги остварувате вашите замисли преку тоа што често ќе се огледувате во неговите успеси и мотивација. Со ова не само што ќе одржувате здрава пријателска врска, туку и ќе станете попродуктивни во тоа што го работите.
  1. Дали знаевте дека доколку имате помалку пријатели се зголемуваат шансите дека имате поголема можност за да успеете при превземањето на финансиски ризици. Кога на луѓето им недостига адекватна социјална интеракција, за нив е поверојатно дека се поспособни да превземаат поголеми ризици кои вклучуваат финансии и пари. Истражувачите откриле дека ова е особено можност која може да се јави кај лицата кои се чувствуваат осамено или одбиено. Кога се чувствувате емотивни, имате несогласувања во семејството, врската, имате проблем на работа, сите овие индикатори можат да влијаат врз вашите емоции а и врз вашиот џеб поради тоа што влијанието на емоциите многу често влијае врз вашите навики за трошење.
  1. Блиските пријатели можат да бидат клучот на долговечноста е податок до кој дошле истражувачите од Универзитетот Flinders во Австралија. Во истражувањето вклучени биле 1500 луѓе за период од 10 години , и заклучено било дека луѓето кои имале вистински пријатели имале можност да ги надживеат останатите испитаници од групата за 22%. Од друга страна пак постојат податоци за истражувања направени врз болни пациенти од рак кои посетувале групи за поддршка имале поголема можност за преживување од преостанатите болни пациенти. Исто така постојат податоци од истражувања кои укажуваат дека вистинските пријателствата им помагаат на луѓето за полесно да ги преживеат симптомите на депресија.
  1. Премногу конекции од социјалните медиуми драстично ви ги зголемуваат нивоата на стрес. Кога станува збор за социјалните медиуми, повеќе не е секогаш најправилниот избор.Истражувачите од Универзитетот Edinburgh Business School откриле дека поголемиот број на пријатели на Facebook означува поголем стрес. Колку повеќе објавувате фотографии од тоа кога сте пиеле, сте се забавувале со вашите пријатели и сте објавиле некои компромитирачки фотографии не е информација која со драго срце ќе ја видат вашите колеги на работа, родители, работодавачот и слично.
  1. Пријателите се избираат! Вистинските пријатели и од наше искуство помагаат доста многу во поддршката при одолевањето на искушенија. Истражувачите откриле дека кога доаѓа до одолевањето на искушенија како јадење на чоколадо, понекогаш пријателите е поверојатно дека ќе ви бидат партнери во актот.

Пријателите без оглед на се, а особено оние вистинските можат да го истакнат најдоброто од нас. Тие се тука да не потсетат  дека не треба да го сваќаме животот пресериозно и тука се да не поткрепат во моменти кога се чувствуваме обесхрабрено. Затоа изберете правилно, не ви се потребни 30 пријатели/пријателки, потребни ви се само неколку, но вистински.