Кафето во служба на убавината

од  |  0 коментари

Уште од време нашите баби кажуваа дека шолја кафе испиена на празен стомак го подобрува тенот.  Ова тврдење не било без основа зошто најновите истражувања потврдија дека кофеинот ја зацврстува и штити кожата од претерано исушување и стареење.  Кофеинот ги поттикнува ензимите да делуваат, со што настануваат маснотии кои го корегираат уништениот заштитен слој на кожата, па така дехидратацијата на кожата се намалува.

Козметичката индустрија успешно го примени кофеинот во хидратантните креми за сува кожа, зошто тој помага на епидермисот да се заштити со стимулирање на внатрешно продуцирање на липиди. Кофеинот исто така се користи за околуочната регија зошто стимулира микроциркулација во слоевите на кожата, го елиминира вишокот течности и ја прави кожата поцврста. Со вечерното нанесување на вакви препарати се редуцираат отечените очни капаци.

Исто така кофеинот се користи доста често и во антицелулитните креми и кремите за слабеење. Претераното зголемување на масно ткиво, хормонските проблеми, метаболитичките и психолошки фактори предизвикуваат целулит. Слојот кој се нарекува целулит го прават наталожените масти во станиците кои се задебелуваат, прават промена на ткивото и колагенските влакна.

coffee powder

Со своите липотетички својства кофеинот го покренува процесот за разложување на масти во задебелените станици заради што тие се смалуваат. Кофеинот се додава во кремите за слабеење заедно со состојките кои дренираат и ја подобруваат микроциркулацијата, а освен тоа ја зацврстуваат кожата, ги намалуваат перничињата од масти наталожени околу нозете, задникот, струкот и стомакот.

Богатството од ароми содржани во зрното кафе ги поттикна и креаторите на парфеми да ги вметнат убавите мириси во машките и женските парфеми. Во женските мириси преовладува топла и нежна арома на кафе, додека кај машките мириси изразена е горчливата арома.