Епилација со ласер
Епилацијата со ласер е најтрајниот и најефективниот начин за отстранување на непосакуваните влакна, скоро на сите делови од телото. Ласерите за епилација се апарати кои произведуваат светлост во одредена боја и со одредена бранова должина. Разликата во брановата должина на ласерскиот зрак се разликува во зависност од тоа која структура на кожата се третира.
За време на ласерската епилација целта е пигментот кој најмногу го има во влакното. Во тој момент со помош на ласерот самите влакна го спроведуваат ласерскиот зрак до својот корен, каде практично влакното се распрснува од топлината и на тој начин го оштетува коренот. Од третман во третман, оштетувањето на коренот е поголемо, а влакната кои никнуваат после третманот се потенки и посветли, освен тоа значително се успорува нивниот раст. Останатата структура на кожата која ласерскиот зрак не ја препознава, останува недопрена без било какви оштетувања. Заради таа причина може да се третираат само влакната кои имаат пигмент. Тоа се потемните влакна. За влакна кои немаат пигмент, третман кој може да се избере е електролиза.
Колку третмани епилација се потребни?
Бројот на третмани кои се препорачуваат најчесто се од 4 до 6. Со било кој третман просечно се губи една четвртина од третираните влакна. Сепак нагласуваме дека ефектот е индивидуален кај секого.
Како да се подготвите за третманот?
Третирањето на влакната може да биде на различен начин, со брич, депилација со креми и слично. Важно е влакната да бидат пораснати барем 1 мм кога доаѓате за консултација.
Дали епилацијата со ласер е болна?
Болка се јавува кога зракот на ласерот ќе го погоди коренот. Ако пациентот е преосетлив, се нанесува анестетик во облик на крема врз кожата. На тој начин епилацијата станува безболна.
Што се случува после третманот?
Кожата после третманот може да биде црвена и понекогаш благо отечена во наредните неколку часа. После третманот потребно е да избегнувате нанесување на хемиски супстации дирекно врз кожата. Миењето на кожата треба да биде со сапун за нежна кожа и механички да не се иритира барем 24 часа после епилацијата. Друго што е многу важно после третманот е да не излегувате на сонце и да не одите на солариум.