Како да ја одржите свежината на цвеќињата?

од  |  0 коментари

Како да ја одржите свежината на веќе скинато цвеќе?

Ако некој ве изненадил пријатно со убав букет или вие сте набрале цвеќе од градина, сигурно сакате вашиот цветен аранжман подолго да трае. Се прашувате ли како да ја продолжите свежината на веќе одрежаното цвеке? Тоа е навистина едноставно, доколку се придржавате до следните упатства.

Температурата на просторијата е еден од најбитните фактори за успешно одржување на веќе скинато цвеќе. Важно е во просторијата каде се чува цвеќето да нема големи варијации на температурата, бидејќи на тој начин се врши кондензација на водата на ливчињата, а тоа доведува до почеток на сушење или распаѓање. Повеќето цвеќиња бараат пониска температура, а доколку се определите за некој вид што вас ви се допаѓа, добро ќе биде претходно да се запознаете со условите кои тие ги бараат.

Подалеку од промаја и извор на топлина. Одсеченото цвеќе не треба да го држите во близина на извор на топлина – радијатог, шпорет, греалка… Повеќето од нив треба да се заштитат од промаја, а тоа значи дека цвеќето не треба да биде изложено на ветер, во ходник или покрај уреди за ладење. Струењето на воздухот и повишената температура ја намалуваат влажноста на воздухот што доведува до зголемено трошење на водата од билните органи, а тоа доведува до побрзо овенување.

Водата секогаш треба да биде чиста и свежа, а тоа значи богата со кислород. Треба да ја менувате често, по потреба и повеќе пати на ден.На тој начин се спречува појава на бактерии и алги кои се развиваат на цветното стебло и на ѕидовите од саксијата која ја прават матна и валкана проследена со непријатен мирис. Треба да водите сметка за нивото на водата од кое зависат физиолошките процеси на цвеќето што е различно скоро за секој вид.

Вазната исто така е многу битна. Нејзината ширина, висина се важни за цвеќето да биде комотно сместено и да добива доболно вода, воздух и светлина. Треба да биде чиста за да не се појават бактерии и алги. Дезинфицирајте ја со средство за чистење или чиста вода. По можност избегнувајте метални вазни, затоа што доведуваат до брзо распаѓање на цвеќето. Подготовката на цвеќето е многу битна, ако сакате цветната декорација да потрае подолго.

Пред да го ставите цвеќето во вода, внимателно подрежете ги дршките, од 3 до 5 см. После тоа неопходно е да ги скините сите ливчиња кои би завршиле под вода во вазната. Лисјата изложени под вода  се подложени на влијание од бактериите, па побрзо скапуваат. Тој процес ќе ја извалка водата и ќе создаде непријатен мирис, а потоа цвеќето брзо ќе овени и ќе се распадне.

Додатоци во вода–  За да биде вашето цвеќе убаво можете да се послужите со трикови кои подразбираат додавање на одредени  хемиски супстанции. Во водата на цвеќето можете да ставите малку сол. Аспиринот исто така добро ќе послужи ако во водата на вазната го растворите. За поголема трајност на цвеќето додадете 2-3 лажици сребрена вода . Таа спречува размножување на бактерии и микроорганизми и ја одржува свежината на цвеќето.

Совети:

  • Не ставајте го цвеќето во близина на овошје или зеленчук. Тоа излачува етилен, хормон кој старее.
  • Ставете му на цвеќето млака или одстоена вода, никако ладна бидејќи ќе ги затвори порите.