Дневна соба – центар на Вашиот дом
Дневната соба е најважниот дел на станот, а со незината организација и уредување ќе го подобрите квалитетот на живеењето. Било да се работи за стан или куќа, положбата на дневната соба би требало да биде таков да овозможува прегледност, врска со гарнитурата, и кратка врска со кујната, која може да биде отворена преку пултот, како и комуникација со надворешните и отворени површини – балконите, терасите. Најдобрата ориентација на дневната соба е јужна или југозападна, додека југоисточна е нешто полоша позиција, но се уште препорачлива. Просторот може да биде осветлен еднострано или двострано со што се подобрува неговиот квалитет.
Распоред на мебелот
Минималната препорачана големина на дневната соба е 16 квадрати, бидејќи поголема површина овозможува по функционална и поатрактивна организација на просторот. Пред да го уредувате дневната просторија, потребно е да се согледаат навиките и животните потреби на секој член од семејството. Во делот кој што е предвиден за собирањето на фамилијата и гостите, но и за одмарање, задолжително се сместуваат гарнитури за седење, и тоа двосед, тросед, фотеља, аголна гарнитура и стол. Дополнителни елементи, како што се ормарчиња за ламба, полици за цвеќе или други декоративни предмети и комоди, витрини и различни облици на ормани или регали, исто така се дел од опремата на просторот. Водете сметка да просторот на биде преполн со мебел бидејќи така може да се создаде чувство на претрупаност. Правилниот распоред на гарнитурата овозможува чувство на интимност, отворена глетка кон надворешните површини, можност за зголемување, добар однос со влезот во домот или станот и добра поврзаност на останатите делови од станот или куќа. Положбата на телевизорот би требало да биде таква да се овозможи несметано гледање од сите делови на дневната соба. Деталите како што се пердињата, слики, скулптури и други предмети ќе ја потполни атмосферата на дневната соба во кој ќе се чувствувате пријатно