Пердиња – украс на прозорците

од  |  0 коментари

Пердињата го прави домот потопол, штити од непожелните погледи на Вашите комшии и внесуваат дополнителен квалитет во Вашата соба, така да, треба внимателно да ги изберете и да ги вклопите со мебелот.

Доколку купивте нов мебел и го варосавте станот, Ви остана уште да изберете адекватни пердиња. Нив, секако треба да комбинирате со мебелот. Во зависноста од количеството на дневната светлина во просторијата, ќе изберете степен на проѕирноста на пердињата. Ако Ви е потребно перде поради декорација или сакате да сочувате осветленоста на собата, треба да се избере тенко перде. За затемнување на просторијата треба да купите подебело перде, односно драперии. Со комбинирање на тенки и дебели пердиња се постигнува ефект на декорација и затемнување. Со добар материјал битен е начинот на клавање на пердињата. Кога ќе се одлучите да купите пердиња, треба да ја знаете должината на Вашата гарнишна.

Памук или волна се најдобри – бојата на пердињата можете да изберете во склад со бојата на мебелот и бојата на ѕидовите, а драперии во мал контраст во однос на пердињата, вклопувајќи со стилот на мебелот кој го имате. Секако треба да водите сметка и за тоа дека секое перде ќе даде одреден тон во Вашата просторија. Доколку станот е помал, се препорачуваат посветлите тонови кои нема премногу да ја затвараат просторијата. Ако се прозорците на блиските згради блиску па љубопитните можат да гледаат во Ваш дом, Ви советуваме да ставете пердиња кои имаат пополно ткаенина и кои не се толку провидни. При купувањето на драперии прво треба да земете во предвид врстата на материјал. Памук и волна се најдобри. Доколку сте се определиле за мешавината со полиестер, тогаш најдобро е да земете материјал со поголем процент на памук. Во лето најдобро е да користите термоматеријали кои дозволуваат влегување на светлина, но ја блокираат топлината. Денес се често поставува и трет слој на материјал помеѓу декоративниот и термален слој. Овој слој ја блокира и светлината и топлината, но бидете внимателни. Треба да водете сметка во употребата на третиот слој, бидејќи поради него драпериите не паѓаат убаво. Освен тоа, за голем број на луѓе просторијата не треба да биде во потполна темнина кога драпериите ќе се спуштат.

Пердиња за цел стан

Кујна – венецијанери се најприкладни во кујната бидејќи лесно се одржуваат.

Спална соба – драперии овозможуваат потполн заклон од светлината и љубопитните погледи.

Купатило – со оглед на тоа да се купатилата често полни со пареа и влага, најкорисни пердиња се венецијанери. Доколку прозорецот се наоѓа поред кадата или тушот, размислете за венецијанери со потемна боја како би ја обезбедиле приватноста.

Детска соба – кога избирате пердиња за детска соба, секогаш мислете на безбедноста. Вообичаено е да се за детските соби избираат весели бои, секако во зависност од уреденоста на целата соба и полот на детето.

Дневна соба – доколку сакате елегантен изглед, тогаш драпериите се вистинско решение. Бидете оригинални и креативни бидејќи денес во дуќаните постои широк спектар на бои, дезени и материјали.