Како да се нашминкате за само неколку минути

од  |  0 коментари

Организација и само организација е одличен план! Тоа е се што Ви е потребно како за неколку минути да  имате изглед од соништата. Планот може да содржи и сенки, пудра и сите нијанси кои Ви одговараат на Вашето лице. Доволно е само да знаете што ќе облечете за да можете да ја ускладите шминката и како Вашиот изглед  би изгледал совршено. Подгответе се и тргнувајте!

Докажано е дека одличен изглед е можен за само неколку минути, а освен тоа морате да го познавате и Вашето лице, сите негови недостатоци кои сакате да ги сокриете и предностите кои сакате да ги истакнете.

Хидратантниот крем нанесувајте го барем половина час пред да се нашминкате. Земете го коректорот и со него сокријте ги сите критични места како што се подочњаците, митесерите на Т зона. По коректорот посегнете по течната пудра.

Внимавајте како ја нанесувате. Не е добро да се гледаат премините, затоа е важно да го распоредите рамномерно по целото лице. Нијансата мора да одговара на Вашата боја на кожата. Доколку имате светол тен, пудрата мора да биде во што е можно природна нијанса.

Кога ставивте соодветната подлога, земете ја сенката и ставете боја која Ви одговара. По сенката нанесете соодветна маскара и истакнете ги очите. За дневен изглед не треба многу да комплицирате.

За вечерен изглед можни се две комбинации на сенки со тоа да посветлата оди до средина на капакот, а потемната кон надворешен раб од окото. Smokey eyes е спремен за само неколку минути. За да можете што е можно побрзо да го нанесете руменилото користете широка четка.

Со само неколку чекори ќе го ставите руменилото и ќе изгледате беспрекорно. Целта е да ги истакнете образите и лицето. Усните се Вашата последна станица пред да кажете дека завршивте.

Во зависност од тоа каков изглед сакате да постигнете од тоа зависи и начинот на шминкањето на Вашите усни. Ако повеќе сакате романтичен изглед слободно ставете малку сенка, а за по конкретен изглед исцртајте ги усните со молив и потоа нанесете го карминот.