Ретинол – клуч за прекрасна кожа

од  |  0 коментари

За ретинол како тајната состојка на многу anti-aging серуми и кремови сигурно сте слушнале, а ние денес Ви откриваме зошто се верува дека баш ретинолот ја крие тајната на убавата кожа и младешкиот изглед

Постојат илјада и илјада козметички производи, кремови и серуми чии производители ветуваат дека кожата ќе Ви ја направат мазна и без брчки. Вистината е дека само едена супер состојка имаа та моќ, а тоа е ретинолот. Ретинолот во почеток се користел за лекување на акните, отстранување на митесери и мртви клетки како и за затворање на порите се додека не се откриени неговите феноменални anti-aging  својства.

Ретинол е силно средство и затоа внимателно и со мерка треба да се користи во зависност од Вашиот тип на кожа, а пред да се одлучите на користење на ретинол треба да знаете неколку негови битни својства

Што е ретинол и какви се неговите својства?

Ретинол и ретин А се компоненти од членовите на семејството од витаминот А. Ретин А обично се добива на рецепт кој препишува доктор, а многу е делотворен во исправувањето на ситните брчки и нормализација на пигментацијата на кожата. Од друга страна ретинолот кој можеме да го најдеме во многу козметички производи е послаб и потребно му е повеќе време за да даде видливи резултати, но помалку е инвазивен и носи помалку ризик од иритација

Како би требало да почнете да го користете ретинолот?

Дерматолозите препорачуваат производите со ретинол да ги користете во секојдневната нега на кожата веднаш штом ќе наполнете триесет години, а кога ќе влезете во четириесеттите задолжително избирајте ноќни кремови кои во себе го содржат ретинол.

Кога и колку често треба да се нанесува ретинол?

Ретинолот е фотосензитивна супстанца и би требало да ја нанесувате исклучиво навечер и не би требало да се изложувате на сонце доколку на кожата го нанесовте производот со ретинол затоа што би можело да дојде до потполно спротивен ефект. Колку често да го користиме ретинолот зависи од Вашиот тип на кожа како и од тоа дали го користете ретинолот или ретин А. За почеток нанесувајте ретинол на лице секое втора вечер а потоа постепено преминете на секоја вечер и користете мали количини

Што доколку се појави иритација?

Ретиноиди ја чистат и лупат кожата па затоа можат да ја направат кожата осетлива од обично. Постои можност да се по употребување на ретинол кожа лупи и станува сува. За да го избегнете тоа клучната работа е да во почетокот ги користите мали количества додека кожата не ја развие толеранција на витамин А. Исто така потребно е неколку пати во неделата да правите нежни пилинзи на кожата на лицето за да го отстранете површинскиот слој на стара кожа.

Дали постојат личности кои не би требало да го користат ретинолот?

Луѓе кои имаат одредени проблеми со кожата како што се егземи или розацеа би требало да бидат внимателни со употребата на ретинол и да го користат во поблаг облик и тоа исклучително во комбинација со силен хидратантен крем.