Нега на косата во пролет: Зголемете го волуменот, вратете го сјајот, заблескајте!

од  |  0 коментари

Неколку едноставни совети за нега на косата, масажа на главата, како и трикови за нејзино обликување ќе придонесат да Вашата коса заблеска како некогаш.

Поради ниските температури и студениот воздух во текот на зимата косата станува сува и го губи сјајот. Пролетта е вистинско време да и посветите на косата посебно внимание, за да може повторно да заблеска.

Неколку едноставни совети за нега на косата, масажа на главата, како и трикови за нејзиното обликување ќе придонесат Вашата коса да заблеска како некогаш.

1. Шетајте

Движењето во комбинација со правилната исхрана и соодветна нега за брзо време ќе Ви даде забележителни резултати. Тоа значи дека како за кожата така и за косата важен предуслов за убава коса е што почесто престојување надвор.

2.  Масирајте го темето

За да коренот на косата биде снабден со хранливите состојки, еднаш неделно важно е да го масирате темето. Потоа со кружни движења нанесувајте ја ампулата со витамините која го храни коренот и косата ја прави поцврста.

3. Скратете ги врвовите

Освежете ја косата така што ќе ги скратите краевите, доколку не сакате некоја сосема нова фризура за пролет. Резултатот ќе биде видлив веднаш.

4. Сменете ги средствата за нега на косата

Во текот на зимата, поради носењето на капите и шапките косата побрзо се масти и валка. Доколку Вашата коса спаѓа во ῎нормален῎ тип, размислете за употреба на некој неутрален шампон и регенератор на билна база.

5. Зголемете го волуменот

Доколку Вашата коса изгледа без волумен, испрскајте ја со лак за обликување, префрлете ја надолу и исушете ја со фен. Доколку во фен ставете дифузер, специјален додаток за сушење, фризурата ќе Ви биде уште побујна.

6. Освежете ја бојата

Вистинско е време да ја освежите бојата на косата со прелив кој нема да ја оштети. Посоветувајте се со Вашиот фризер околу избор на боја, која на Вашата коса ќе и врати сјај. Доколку се фарбате сами, изматете ја фарбата со три процентен хидроген и нанесете ја на косата по нејзината цела должина. За оштетена коса користете хидроген растворен со малку вода. Доволно е фарбата на косата да ја држите од 10 до 15 минути, а потоа добро измијте ја косата.