Пилинг за тело од кокос и лимета

од  |  0 коментари

Сакате да го продолжите мирисот на летото во својата глава, а истовремено и да ја негувате вашата кожа? Присетете се на летните авантури, доживувања и одмори со освојувачки пилинг за тело од кокос и лимета. со пилингот ќе ја отстраните и последната задебелена кожа на стапалата, колената, лактите. Ќе ги отстраните мртвите клетки од кожата кои се лоши за тенот и ќе и пружите на кожата здрав сјај…

Состојки:

  • 60 мл кокосово масло
  • 200 гр бел шеќер
  • една супена лажица кокосово брашно
  • 6-8 капки ароматично масло од лимета

Ставете го шеќерот во кокосовото масло, а потоа додајте го и кокосовото брашно. Добро измешајте и на крај додајте ароматично масло од лимета. Смесата чувајте ја во стаклена чинија на ладно место до два дена.