Како правилно да го држите новороденчето?

од  |  0 коментари

1novo

Главата и вратчето на новороденчето се сензитивни. Грижете се за главата на вашето новороденче , посeбно обрнувајте внимание на меките точки на горниот дел од главата. Секогаш потребна е дополнителна поддршка за вратчето и безбедна внимателна  нега на тој дел од главата.

  • Кога го подигнувате своето дете, својата рака поставете ја под неговата глава а другата рака нека служи како потпора на неговото тело. За да не ве боли грбот кога се наведнувате наведнете го својот грб и свиткајте ги своите нозе во делот кај колената како што ги наведнувате и своите раце кон бебето.
  • Најдобра заштита за бебето е кога го припивате поблиску до себе до своите гради.2n
  • Потпрете ја главата на бебето припиена поблиску до вас. Крлајте го лево и десно тоа го смирува. Раката свиткајте ја во агол од 90 степени и понудете потпора од главчето до целото тело на бебето додека го држите.
  • Оваа положба на лулка ќе ви озвоможи да му зборувате и да си играте со вашето бебе додека тоа е во вашата прегратка.
  • 3nДруга положба во која може да се одмара е во исправена позиција на вашето рамо додека вие дополнително нудите потпора на неготово вратче и грб. Оваа положба најдобра е по доењето додека бебето не издригне . Ова аположба е добра и за заспивање но не толку ефективна како лулка положбата.
  • За да го заштитите вашето бебе никогаш не држете пијалоци без разлика дали се тоопли или ладни и не гответе додека го држите. Секогаш држете го безбедно додека се симнувате по скали и никогаш без да надгледувате не оставајте го со своето братче или сестриче доколку се сеуште и тие малечки.