Кокос наместо скапи кремови

од  |  0 коментари

Кокосот е волшебна билка за убавината на телото и косата, а исто така идеална е природна алтернатива на скапите козметички препарати.

На добрите познавачи на природните козметички препарати одамна им е познато дека кокосовото масло во светот на негата и убавината преставува вистинско волшебно стапче. Со нив се согласуваат и стручњаците кои сметаат дека кокосот може успешно да ги замени скапите козметички препарати кои се преполни со хемикалии.

Необработено, по можност органско, девичанско кокосово масло совршено е како масло за масажа, лосион за тело, нежен хидратантен пилинг, средство за чистење на лицето и остранувач на шминката, но и регенератор кој длабински ја храни косата. Овој природен еликсир може да ги замени и помадите за бричење.

Додека ги бричите нозете или пазувите, кожата намачкајте ја со масло од кокос. Освен што има антибактериско делување, маслото совршено ја смирува иритираната кожа па нозете веднаш по бричењето ќе бидат мазни, сјајни и хидрирани, но не и мрсни.

За блескава коса     
На дланката ставете малку масло, буквално две капки, па нанесете го на косата и помините со чешел од темето до врвовите. Смотајте ја косата па на главата ставете капа и оставете да делува преку ноќ, а наутро косата исперете ја со шампон.

Нежен пилинг за тело    
Растопете ½ шолја масло од кокос, прелијте преку шолја кафеав шеќер или сол и смесата добро измешајте ја. На природниот пилинг кој длабински ја хидрира кожата можете да додадете и неколку капки од омиленото етерично масло или екстракт од ванила.

Мелем за суви раце   
Масло од кокос има чудотворно делување на кожата на рацете која хронично е сува од честото миење. Па затоа шишенце со масло ставете во лавабото, па по перењето на садовите, на кожата нанесете малку масло од кокос. Тоа ќе и помогни на кожата да ја задржи влажноста, а рацете ќе бидат меки и мазни.

Длабинска храна за кожа   
Девичанското масло од кокос ја подобрува хидратацијата на кожата па ја намалува загубата на влагата кај изразено сува кожа. Може да ги замени скапите лосиони за чистење на лицето. Со кружните движења масирајте го лицето и вратот со масло од кокос.

Ја отстранува шминката и го освежува лицето   
Маслото од кокос совршено ќе ја отстрани шминката – сенката за очи, па дури и водоотпорната маскара. Малку масло ставете на памук па лесно бришете го подрачјето околу очите и капците а потоа измијте го лицето. Освен што ќе ја отстраните шминката, маслото длабински ќе ја хидрира кожата.

Природно ја рефлектира светлоста и подмладува.    
Сите природни препарати кои се на база на маслото од кокос содржат пигменти кои ја рефлектираат светлината па затоа имаат ефект на моментален освежувач на уморното лице. Поради своите својства маслото од кокос е составен дел на цела низа на природните козметички препарати.