Сакате долга коса? 5 трикови како да ја имате ова лето

од  |  0 коментари

Не се откажувајте од желбата да имате здрава и долга коса. Ви предлагаме 5 совети како тоа да го постигнете.

КОРИСТЕТЕ ДОБАР ШАМПОН    

Фенирањето, шампони кои во себе содржат сулфати, недоволно количество на регенератор и малку протеини предизвикуваат лош квалитет на влакното. Состојбата може да стане полоша поради хлорот во базените, морската сол и премногу сонце. За да ги избеганите неповолните ефекти на надворешните фактори користете неутрален шампон без силикони.

НЕ ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГИ НОЖИЦИТЕ   
Косата треба да ја скратувате на секои шест недели затоа што и таа се однесува како и останатите влакна на телото – што повеќе ја кратите та повеќе расти.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗАШТИТА       

Користете ги  производите за заштита на косата, тие создаваат бариера помеѓу косата и изворот на топлината па така влакното не доаѓа во директен контакт со топол воздух.

ВНИМАТЕЛНО СО ПЕГЛАТА ЗА КОСА 
Влакното чија структура е оштетена подложно е на пукање, посебно ако се наоѓа во допир со изворот на топлината – пегла или фигаро. Како водич за користењето на свиткувачот, праменот кој го третирате не го држите во фигаро подолго од 10 – 15 секунди.

ХРАНАТА Е ПОЛОВИНА ЗДРАВЈЕ

Освен што треба да внимавате на надворешните фактори, патот до здравата коса е и правилната исхрана која е богата со витамини. Би требало да консумирате многу вода и да ја базирате исхраната на овошје и зеленчук.