Вистинската дама мора да има убави и средени нокти!

од  |  0 коментари

Животниот стил на современата, вработена жена диктира јасни правила: таа мора да биде тип топ од главата до петици. Па тогаш да тргнеме од маникирот. Ви ги откриваме најновите трендови во дизајнот на ноктите.

Црвена е хит – секогаш се актуелни сите нијанси на црвен лак: нијанса на корал, бордо, кармин, светло црвен … Од посветлите варијанти најдобар избор е френч. Доколку сакате да избегате од класиката, дозволени се цирконите, штрасот и ситни дискретни цртежи. Битно е да украсите не бидат премногу нападни.

Долгите нокти не се во мода – златното правило е природност. Затоа ноктите не треба да бидат ниту премногу кратки ни премногу долги. Обликувајте ги во класична овална форма, бидејќи шпиц и квадратни нокти не се во мода.

Надградба на нокти е се уште во мода – најдобро е да се одлучите за акрилен гел. На тој начин ноктите ќе изгледаат многу по природно, отколку кај класичната надградба.

Нега на ноктите – за да маникирот би имал смисла, ноктите треба да бидат негувани. Редовно мачкајте ги со специјални кремови за нега кои содржат протеини, витамини, минерали и аминокиселини. Овие состојки ги прават ноктите еластични и го поттикнуваат растењето.

Внесувајте калциум – ако ноктите лесно се кршат, значи дека им недостига влага, а таа најдобро се надокнадува со помош на препаратите на база на алое вера. Освен тоа, ви исхраната морате да внесувате доволно калциум и витамини Б, Д и Е.