Сончев Брег -Бугарија, незаборавно лето со помал буџет

од  |  0 коментари

Сончев брег се наоѓа во јужниот дел на брегот на Црно море, а важи за најголемиот туристички центар во Бугарија. Овој бисер на бугарското приморје се карактеризира со мирно море и прозирно чиста вода поради која е доста популарен помеѓу туристите.
Голем број на природни дини, помеѓу кои растат 16 ретки растителни сорти (5 заштитени со закон) како и шаренолика природа која изобилува со флора , овој град го прави уште поубав.
Периодот помеѓу мај па се до септември донесува преку 1500 сончеви часа го оправдува името на овој град.

Сончев брег оддалечен е од Бургас 35 км и се наоѓа помеѓу Влас и Несебар. Просечната дневна температура и време во текот на летните месиц изнесува 29 степени, а температурата на водата околу 23 степени. Сончев брег е познат по своето сино знаменце за еколошка и природна предност која ја има во однос на другите места на црноморското бугарско приморје.

Доколку сакате песочни плажи со боја на злато , барови, кафичи на самиот брег, топло и чисто море, Сончев Брег е вистинското место за вас. Природен феномен на ова летувалиште – плажа составена од дина но со топло и плитко море постојано како магнет ги привлекува туристите од целиот свет.
Песочната плажа на Сончев брег е долга 10км, а широка околу 40 м , изобилува со барови и кафичи во кои туристите можат да уживаат во ладните напитоци, да изнајмат лежалки или чадори и да уживаат на плажата. Од Сончев Брег туристите може да ги посетуваат соседните плажи пешки со минибус или со бродчиња кои секојдневно се обраќаат во насока Сончев Брег- Несебар како и на други популарни места.

sonce

На должината од 10 км колку што е и долга плажата на Сончев брег се наоѓаат плажите  Severen и  Slantchev Briag. На преубавиот песок на оваа плажа можат да си играат децата но и да уживаат и возрасните. плитката вода овозможува вашите деца побрзо да научат да пливаат без да се грижите дали ќе отидат во подлабоки води.

 

Theme Park Mom/flickr.com

Доколку сакате возбуда и адреналин поминете барем еден ден во најголемиот аквапарк во Бугарија кој се наоѓа на Сончев Брег. Паркот е богат со атракции наменети за посетителите од сите возрасти. Достапни ви се секакви водени атракции како и коктел барови и ресторани како можете да здивнете и да ги наполните батериите.

plate with taco, nachos chips and tomato dip

Во традиционалните бугарски локали чест обичај е сопствениците на локалот да ве пречекаат со леб, чаша вино како знак на добредојден. Поголемиот број на локали имаат и мени за деца.
Што се однесува на бугарската кујна таа е мешавина од турската, грчката и балканските кујни, а во комбинација со традиционалната бугарска храна ова е чист погодок кога станува збор за доживување на новo гурманско искуство.
the-best-food-in-sunny
Типичен бугарски специјалитет е ѓувеч со сос од пиперки, домат и зелка со месо како и оброкот  Cirene po Shopski, кој се состои од фета сирење, домати и јајца а се пече во лонец. Таратурот во Бугарија се јаде како летно освежување надополнет со јогурт, краставички и орев а немате да погрешите доколу пробате и баница -тесто исполнето со фета сирење.
Љубовта кон шопска салата постои и кај Бугарите кој овој назив го зачувале и во нивните мениа а се служи исто и како кај нас со домашна жолта ракија.

Ресторани кои ви препорачуваме да ги посетите:
Condor Bistro
Khan’s Tent
Picadilly
Kasablanka
Billy
Maestro
Chilli peppers
La perla
The Lighthouse
Fat Cat
China Wok

 JurgenBOT/flickr.com

Забавата тука трае до зори. Доколку сакате вистински да уживате својата вечер започнете ја во некој ресторан и журкајте се до раните утрински часови во големиот број на дискотеки и ноќни клубови
Доколку сакате караоке, танцување, добра забава, DJ-и, настапи во живо, Сончев Брег е вистинското место за вас.

Места каде забавата трае до утринските часови се:

Dance club Marina
Beach bar Mexo
Disco Orange
Disco Lazur
Amigo bar
Bedroom beach bar
– The Pub…

Еве и како изгледа Сончев Брег набљудуван преку веб камера (кликнете ТУКА)
  Доколку размислувате за летување во Бугарија  разгледајте ја понудата на АРИЕС на следниот ЛИНК.