Македонија, изобилува со убави дестинации! Охрид е само еден таков пример…

од  |  0 коментари

Охрид е град во југозападниот дел на Македонија со 42.033 жители. По него Охридското Езеро го носи своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.

Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид.

Потекло на името

Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. каков убав рид и оттогаш останало градот да се вика Охрид.

Религија

Во минатото во Охрид имало 365 цркви, и затоа се нарекува „Европскиот Ерусалим“[5]. На територија на општина Охрид постојат повеќе од 100 православни цркви од кои 60 активни, 10 исламски верски објекти – џамии и една католичка црква. Во Охрид се наоѓа седиштето на Дебарско – кичевската Епархија на МПЦ.

Географија

Градот Охрид се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, во Охридско-Струшкото Поле. Градот е сместен во подножјето на планината Галичица, на надморска височина од 695 m, додека стариот дел од градот се наоѓа на повисока надморска височина до 740 m.

Население

Oхрид, градот на светлината, навечер
Според последниот попис од 2002 година, во градот Охрид живеат 42.033 жители[4] , од кои:
Македонци 33.791 (80,39%)
Албанци 2.959 (7,03%)
Турци 2.256 (5,36%)
Роми 69 (0,16%)
Власи 308 (0,73%)
Срби 331 (0.78%)
Бошњаци 29 (0.06%)
останати 2.290 (5.44%)

Инфраструктура

Аеродромот Охрид се наоѓа на 9 км од градот, на магистралниот пат Струга – Кичево – Скопје. Должината на полетно – слетната патека е 2.550 м, а ширината 45 м. Капацитетот на Аеродромот е 300 патници на час. Вкупниот аеродромски комплекс e со површина од 640.850 м, од кои 155.000 м за полетно – слетната патека, спојниците, пристанишната платформа и сервисните патеки. Врз основа на вака поставениот критериум се дефинира опслужното подрачје на Охридскиот аеродром за покриеност и на општините: РесенСтругаОхридБитолаПрилепКичевоДебарМакедонски Брод и Демир Хисар како општини со ограничени можности за просторна покриеност. Од статистичките податоци за физичкиот обем на сообраќајот во периодот 1997 – 2003, се добива податок дека се искористува приближно 40% од расположливите сообраќајни капацитети на Аеродромот во текот на една година.

Во Охрид има една Автобуска станица каде што се одвива локалниот, меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници. Во 2002 се превезени скоро 2 милиона патници.

Низ територијата на Охрид поминуваат магистралниот пат М5 ОхридБитолаСкопје со должина од 235 км и регионалните патишта Р501ОхридСв. Наум, 29 км. и Р420ОхридСтруга, 14 км.

Градот Охрид располага со паркиралишта од затворен и отворен тип. Ги има 6 со затворен тип и поголем број од отворен тип. На територија на Охрид во функција е граничниот премин “Св. Наум” – на државната граница со Република Албанија.

Охрид има издадена лиценца на околу 260 такси -возила и 91 комби-возило и минибуси преку кои се одвива локалниот и меѓуопштинскиот превоз на патници.

Постојат и две царински и шпедитерски терминали и тоа: Царински и шпедитерски терминал – Охрид и Царински и шпедитерски терминал – Аеродром Охрид.