Маслиновото масло во служба на убавината

од  |  0 коментари

Маслиновото дрво е едно од најстарите билки кое е познато на човекот. Тоа се користело и беше опишувано уште пред неколку илјада години. Маслиновото дрво и денес се смета за големо богатство, а маслинката остана кралица на трпезата во целиот свет. Маслиновото дрво може да доживее старост дури до 600 години.

Во светот е познато повеќе од 70 видови на маслинки. Постојат маслинки со различна боја и големина, но сите се неодоливо вкусни и богати со исклучително хранливи елементи кои се корисни за здравјето на организмот. Маслинката е кралица на трпезата, таа ги декорира салатите и специјалитетите, од неа се прави маслиново масло кое е многу здраво.

Олеуропеин и полифеноли во маслиновото масло едни се од најверните сојузници на убавината. Старите Римјанки косата и кожата ја негуваа со маслиново масло и го сметаа за тајната на убавина и младост. Кој сме ние да старо римската мудрост доведуваме во прашање.

Во време на Стариот Рим, на северно афрички пазари каде што се тргуваше со робови (таканаречен. Берберски брег), робовите беа премачкувани со маслиновото масло за да им бидат повеќе истакнати кај мажите мускули, а кај жените облините, за да блескаат и да се стекни впечаток дека се во одлична форма, форма која беше неопходна за постигнување на што поголема продажна цена.

Чудотворна состојка – олеуропеин

Веќе илјадници години, дрвото на маслина симболизира живот. Жителите на медитеранот отсекогаш го користеа маслиновото масло за нега на косата и кожа. Денес, научните истражувања ги потврдуваат позитивните ефекти на маслиновото дрво и плодовите кое тоа го дава. Дојдоа до откритие да лисјата на маслиновото дрво содржи олеуропеин, антибактериска состојка која овозможува да стеблото живее долго и да се бори против бактерии кои можат да го нападнат.

Доколку стеблото е заштитено со таа активна состојка, тогаш исто така ќе биде и заштитена и нашата кожа! Освен тоа, маслинката е богата со полифеноли, состојки кои се познати по свое силни антиоксидативни делувања, значи по делувањето против стареење, воопшто на целокупниот човечки организам, а посебно на кожата.

Маслиновото масло како средство за нега:

За нокти

Еднаш неделно намачкајте ги ноктите со маслиновото масло и така да поседат десетина минути, помалку ќе се кршат. На тој начин помалку се создаваат заноктици, тие мали непријатни и понекогаш болни кожички кои се наоѓаат околу ноктот.

За суви, црвени и испукани раце

Стоплете малку маслиново масло ( не некое друго масло, затоа што нивните делувања се различни ) во еден сад, најдобро во микробранова печка – внимавајте да маслиновото масло биде топло, но никако жешко, со така топло масло намачкајте ги рацете 15 до 20 минути

Масажа за лице и за мазни раце

Масажа со маслиново масло, измешано со лажица шеќер ќе ги направи Вашите раце совршено мазни и меки! Необично, но ефикасно.

Суви и испукани лактови

Исечете го лимонот на два дела, ставете масло на секоја половина, ставете ги Вашите лактови на лимоните и држете ги во таа положба 10 минути.

За убав деколте – против ситни брчки

Доколку на Вашите гради забележувате ситни брчки, ставете облоги со маслиново масло и покријте ги со топол фротирски пешкир. Оставете да маслото делува 5 до 10 минути, а потоа исперете ги градите.

За малку посилен третман, измешајте една жолчка со маслиново масло и додадете малку сок од лимон. Ставајте ја ова смеса на деколтето со нежно масирање, ставете памучна блуза и така оставете цела ноќ.

Маска за чистење на лицето

Измешајте ½ супена лажица маслиново масло, ½ супена лажица вода и 1 супена лажица глина. Ставајте ја маската со четчето и опуштете се. Кога ќе почувствувате дека маската е сува, исперете го лицето со топла вода. По тоа масирајте го лицето со памбук потопен во вода од роза, потоа тоник кои секојдневно користете.