За вечерно излегување шминка во диско стил

од  |  0 коментари

Шминкерите за вечерно излегување предлагаат шминка во диско стил, која е резервирано за храбри дами.

Еве неколку совети како да се нашминкате:

Прво нанесете ја подлогата, па потоа течна пудра за нијанса потемна од бојата на Вашиот тен. Подочниците и некои неправилности на лицето прикријте ги со коректор. На крај нанесете малку пудер со светулки во прав на Т зоната ( чело, нос, брада ).

Истакнете ги очите – можете да експериментирате и да се поигрувате со различни тонови. На цел капак нанесете посветла нијанса, па потоа на подвижен дел на капакот потемна и притоа внимавајте да премините бидат незабележителни. Доколку сакате да ги истакнете очи, нанесете црн ајлајнер и на крај ставете маскара.

На образите со широка четка нанесете руменило во боја на корал, а усните прво нагласите со црвен молив, ма нанесете црвен кармин, а потоа додадете малку провиден сјај.