Најдобри совети за убави усни

од  |  0 коментари

Кај шминкањето потребно е да ги истакнете сите предности на лицето благодарение на кое ќе изгледате уште поубаво. Не Ви е сеедно како ќе изгледате и затоа е важно да знаете како да ги истакнете очите и усните. Следат неколку корисни совети како да ги разубавите усните.

Убави усни

Откријте ги тајните на големите шминкери со помош на кои шминкањето ќе Ви биде едноставно. При разубавувањето на усните важно е да изберете вистинска боја на карминот. Не е сеедно дали таа ќе биде во нежно розова нијанса или огнено црвена боја. Шминкерите се согласуваат дека бојата на карминот може да влијае на расположението

Доколку сте една од оние кои наутро сакаат долго да спијат и поради тоа немаат многу време за дотерување за на работа, би било добро да се одлучите  за посветла нијанса на карминот. Црвената боја е исклучително посебна, но посветлите бои подобро одговараат за дневна шминка. Нема да згрешите доколку изберете пинк нијанса или боја на коралот

Карминот можете да го ставите на неколку начини, а голем број на славните личности употребуваат четчиња со кратки влакна со помош на кои користат различен кармин. По нанесувањето на карминот можете да нанесете малку пудра за да бојата биде постојана и да може да трае цел ден.

Не постои жена која барем еднаш нема размислувано за тоа како карминот подолго  да остане на усните а да не се изгуби во потполност. Голем број на стручњаци се согласуваат дека е најдобро да се направи комбинација од кармин и пудер.

Ставете прво малку кармин на усните, а потоа малку пудра а потоа уште малку кармин. Разубавувањето на усните не е готово се додека не го нанесете и моливот со помош на кој убаво ќе ги обликувате Вашите усни, исто како што го прави прекрасната актерка Cate Blanchett. Доколку имате румени образи користете повеќе црвени тонови. Сите дами со црвена коса можат да ги користат кафеавите нијанси.  Како би можеле да изберете најдоброто не заборавајте дека карминот поинаку изгледа кога ќе го нанесете на усните. Не пропуштајте да пробате неколку различни нијанси и да изберете боја која ќе биде во склад со бојата на Вашето лице.