Make up трикови за ладните денови

од  |  0 коментари

Како што бирате потопла гардероба кога се спушта живата на термометарот и својата шминка прилагодете ја временските прилики. Ви откриваме “зимски” начин на шминкање.

ДОДАЈТЕ ВОДА

На кожата за време на студените денови и е потребна дополнителна влага. Додајте капка до две обична вода во течната пудра. Промешајте со рацете и ставете ја на лице. Ако користите пудра во прав неколку минути пред нанесување попрскајте го лицето со вода за тенот да се освежи.

ТОПЛИ ТОНОВИ

За својата омилена светла сенка да ја направите потопла за зимските денови помешајте ја со кафеава сенка. Тоа ќе ја “пробуди” бојата, но нема премногу да ја промени.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ БРОНЗЕНИ ТОНОВИ

Тоа не е природен зимски тен на кожата, па изгледа многу неприродно, а лицето често исгледа природно со портокалово црвенкаст тен. “Подесете” ја шминката на бојата на кожата така што ќе изгледа како малку да сте се исунчале од скриеното зимско сонце.

МАСКАРА

Секогаш нагласете ги трепките. Најсигурна техника е: користење на црна маскара, па вишокот што се прави на четкичката извадете го од ивицата на тубата. Потоа продолжете со ставање додека трепките не ја добијат саканата величина.