Неколку ваши омилени филмови кои немаат смисла во реалноста

од  |  0 коментари

Колку филмовите кои ги гледаме имаат врска со реалноста, не е многу тешко да се објасне па макар и да верувате во среќни краеви и принцеви на бел коњ. Поголемиот дел од филмовите направени во Холивуд, а да не говориме за Боливуд и реално немаат и премногу смисла во реалноста, но еве неколку примери за некои од нашите најомилени филмови и колку лесно се остварливи во реалноста.

Maid in Manhattan- Типичната приказна за богатиот бизнисмен кој се заљубува во обична слугинка која изненадувачки се трансформира во непрепознатлива дама , и да си живееја среќно.. Сте сонувале дека ова ќе ви се случи некогаш, па ете и се случи на J.Lo , но во филмот Maid in Manhattan, таа како што добро знаеме сеуште го бара вистинскиот, иако оваа приказна таа два пати во текот на незините бракови ја примени сеуште не успеа да го пронајде вистинскиот иако проба од обичниот келнер и танчер да направи господа како во филмот.

MV5BMTczODg2ODI2M15BMl5BanBnXkFtZTYwODIxMDg5._V1_SX640_SY720_

Preety woman – Еден од нашите најомилени филмови на сите времиња. Дали се сеќавата каде Ричар Гир ја пронајде љубовта на неговиот живот?

Pretty_woman_movie

My Best Friend’s Wedding- одличен филм со Камерон Дијаз и неколку други познати актери (погледнете го и потсете се за кои се работи)  кој обработува приказна за свадба која никогаш нема да се случи поради тоа што ..па верувале или не младоженецот е заљубен во планерката на неговата свадба, иако има можност да се ожени со најбогатата но помалку глупава и наивна свршеница. Што би направиле доколку ова вам би ви се случило – би завршило ли со помирување и среќен крај ?

mcx-my-best-friends-wedding

Grease- Типичен пример за средношколска љубов, меѓутоа секоја ситуација во филмот се објаснува низ песна и музика. Девојките страшно многу се привлечени од момчиња кои носат гел на косата и кожни јакни. Кога сите би пееле како во филмот, и би биле главни “фаци” доколку поседуваме кожна јакна во плакарот со која би привлекувале убави девојки, како ли би ни изгледал нашиот живот? Баш како мјузикл нели?

mcx-grease-bad-sandy

 

He’s Just Not That Into You- Дали погрешно ги читате сигналите кои ви ги дава вашиот партнер или дечкото со кого излегувате на состанок, и вие упорно верувате дека со тоа што тој ве одбива ве сака ? Овој филм ве уверува дека не треба на сигналите да гледат негативно, што помалку и не е продуктивно.

mcx-hes-just-not-that-into-you

 

It could happen to You– Што би направиле кога би добиле милиони долари на лотарија, би ги споделиле ли сите со помалку среќните од вас или би ги задржале сите пари за себе ? А најпрво имаме ли ние толкави награди на лотарија ?

MV5BMTM4NzUyMjMwMF5BMl5BanBnXkFtZTYwODEwMzc5._V1_SX214_AL_