Чудото содржано во човекот- Моќта на потсвеста- Џозеф Марфи.

од  |  0 коментари

,,Книгата која е пред Вас прави чуда,, Ова е испишано на прават страна на книга.Кога го прочитав ова не знаев дали тоа би требало да биде предговор во книгата, или едноставно авторот навистина решил да не ,,намовне,, уште на самиот почеток.

Но верувајте едно со сигурност знам таа моќна прва реченица, променила многу животи и спасила многу многу луѓе!

Потсвеста е кутија во која се складира СЕ ЖИВО и без ние да сакаме. Сите најголеми стравови, соништа за нашата иднина, желби, планирања, спомени…. буквално се што оставило трага на нас, што ни е всушност важно, а го игнорираме, отишло во потсвеста. И ако навистина научиш да ја контролираш ќе доживееш само успеси и се посреќни моменти во животот.

potsvest

Како што вели д-р Марфи: ,,постои само еден процес на исцелување и се нарекува вера.Постои само една исцелителска моќ и се нарекува потсвест,, Односно низ целата книга Д-р Марфи на еден трпелив и едноставен начин сака да не научи како да го излечиме својот живот, како да ги применуваме техниките и како да научиме да го контролираме најмоќното оружје кој секој човек го поседува.Како со него да ги излечиме навидум неизлечивите болести,безпарицата,да се стекне успех кој што порано сме мислеле дека тоа е невозможно, да ги разрешите љубовните проблеми итн..

Авторот на неколку наврати истакнува дека во суштина нашиот мозок е само една голема градина. Ако посееме убави мисли,ќе вродат убав плод. Ако посееме лошо семе (лоши мисли) ќе добиеме лош плод.

180697_1741798058742_990837_n

Во книгата се дадени неколку техники како да допреме до својата потсвест и да ја ,,убедиме,, да делува во наша корист. Потсвеста нема сопствена волја,но има огромна сопствена моќ.Доколку успееме да ја насочиме моќта кон целите за кои е создадена,а тоа е здравјето,добрината,богатството,разбирањето, љубовта и се што го прави човекот- човек. Во тој случај ќе го најдеме одговорот. Во книгата се промовира древната мисла дека свеста е чуварот на портата кон потсвеста. Се што можеме да направиме е да ја контролираме својата свест,односно да ги контролираме своите свесни мисли и со тоа чуварот на портата да дозволи само мислите кои треба да поминат да ги пушти во потсвеста во тој случај ќе спознаеме чудото наречено живот кој не се сведува на гола егзистенција, само докажување,проекција на својата личност во погледите на другите, туку се сведува на благосостојба,радост,љубов, душевен мир и најважно од се благодарност кон тоа што ни го дарила природата,вселената,бог или како сакате наречете ја таа Моќ.

И фактот дека книгата е светски бестселер, не ви е доволен и сеуште се двоумите дали да ја прочитате, јас би ви рекла веднаш набавете ја. Книгата е  навистина волшебна!!!