Новогодишна и Божиќна празнична трпеза

од  |  0 коментари

Празничната трпеза треба да биде уредена со непогрешлив вкус, за да разбуди добро расположение и за да го претвори секој празник во незаборавно искуство. Правилата за аранжирање на празничната трпеза се доста слични со оние за секојдневен аранжман на трпезата за свечен ручек или вечера, меѓутоа со додаден шарм, празничен дух и светкаво украсување.

1. Најпрво,  за да добиеме совршено украсена празнична трпеза потребно е да започнеме од самата прекривка за на маса. Прекривката за на маса изберете ја да биде во празничен мотив за да ви го поткрева расположението и да ве потсеќа на сегашните и претстоечките празнични вечери и ручеци со најблиските. Храната изгледа повкусно на убаво прекриена маса. Било да изберете елегантна еднобојна прекривка, прекривка со новогодишни мотиви или пак некоја со интересен дезен нема да погрешите се додека останатиот амбиент и декорација го прилагодите на избраниот стил на прекривка.

2. Свеќи или централен дел на масата. Во централниот дел на масата декорирајте со свеќници или новогодишни и празнични орнаменти кои ќе дадат посебен шарм на атмосферата во која ќе се конзумира храната.

3. Салфети и прибор за на маса. Сигурно познавате некој или вие сте таков тип на човек кој чува недопрен пар на чаши или чинии, па дури и прибор за јадење поради убавината и уникатноста која ја поседува, а богами заради сентименталното значење. Да, време е да се погрижите и да обрнете посебно внимание на начинот на кој ги декорирате салфетите и го поставувате приборот. За време на ваквите вечери извадете го вашиот специјален и драг прибор кој го чувате за посебни прилики. За специјални прилики е и вашиот драг сервис со кристални чаши или пак чинии чиј дезен е поуникатен и посебен и вам доста ви се драги. Почастете се себе и своето семејство и пријатели со избирање на специјалниот прибор кој сте го чувале долго недопрен и уживајте.

4.Атмосферата на масата подигнете ја со добар избор на колачи и храна направена со многу љубов, Велата дека љубовта доаѓа преку стомакот затоа приготвувајте ја топла, јадете ја топла и ширете ја во добро расположение.

Еве и неколку примери за украсување на вашата трпеза кои треба да ги погледнете:

Christmas-dining-room--modern--Ideal-Home

bozic-in-rdeca-barvna-dekoracija-4 bozic-in-rdeca-barvna-dekoracija-5 bozic-in-rdeca-barvna-dekoracija-32 bozic-in-rdeca-barvna-dekoracija-37 images (1) Wonderful-IKEA-2011-Christmas-Table-Decoration-ideas-550x413 bozic-in-rdeca-barvna-dekoracija-12
Christmas-table-decor_12 Use-mistletoe-in-Christmas-decorations-is-a-Christian-tradition-inspired-by-pagan-customs.

glavna sl 4