Направете магична Новогодишна кугла!

од  |  0 коментари

Бидете едноставни и овој пат за Нова година украсете го домот со нешто поинакво. За изработка на оваа магична кугла се што ви е потребно се пластични чаши и сијалички за елка.

case

Потребни ви се точно 50 пластични чаши, 50 или 100 светилки за елка. Доколку земете 50 сијалички, во една чаша ќе ставите само една сијалица, доколку земите 100 сијалички ќе ставите по две сијалички во една чаша.

Исто така потребна ви е брусилка,хевталица

На секоја чаша направете една или две дупки,а потоа со хевталката спојте ги. Во првиот круг наредете 10 чаши, во наредниот 9 чаши, па потоа спојте ги, и на врвот додадете уште четири чаши. Така што ќе добиете прва полутопка.Потоа на ист начин направете ја втората полутопка, а потоа во секоја чаша ставете по една/две ламбички. Прво ставете ламбички во првата полутопка,па потоа во втората, па најпосле спојте ги двете полутопки.

Погледнете го следното видео за да ви се разјасни како оди целата постапка.

 

https://www.youtube.com/watch?v=WnZ5mcvifTk