Идеи за закуски за одржување на витка линија

од  |  0 коментари

Секој сака витка линија, а најмногу во периодот пред летните одмори кога се применуваат најразлични диети за губење на вишкот на килограми кои не секогаш се најлесниот начин до постигнување на посакуваната тежина.
Консумирањето на салати, цитрусно овошје, пиење на вода, намалување на тестенините и пржената храна како и зголемено движење и физичка активност се одлични начини на кои можете да ги намалите вишокот на непосакувани килограми.
Кога ја одржувате својата идеална тежина ви препорачуваме неколку здрави закуски кои ќе обожавате да ги јадете и ќе ве одржат сити подолго време како краставици со намаз од наут, моркови со сос од јогурт, печен наут, печени леблебии, печен чипс од тиквички, печен аспарагус, целер со путер од кикири, или пак пилешки стек на парчиња со намаз од изблендирано авокадо со лута пиперка, малку таан и млад кромид.