Осум совети за шминка и фризура

од  |  0 коментари

 

За фризурата, шминката и изгледот дизајнерите секоја година наметнуваат одреден тренд. Но креаторите одлучија дека изгледот, кој е слика за чувствата на личноста, треба да биде согласен со нашата лична реакција на случувањата. Во модните писти никогаш немало толку разновидност, па така да можете и вие да се вклопите во нив, и самоуверено да го носите она што ви се допаѓа и што е само ваше !

  1. Црвен кармин – секогаш во мода, симбол на гламур и сексипил, а на усните им дава посебен шарм и затоа го обожаваат жените. Сепак со црвениот кармин можете да постигнете вистински ефект само ако ја пронајдите нијансата која најмногу одговара на Вашите усни и на Вашето лице. Силноцрвен кармин убаво им стои на бринетите и русокосите, и е добар избор за дневна и ноќна шминка. Модерен е и кармин во боја на черешна, малина, вишна .

Трик: Изберете кармин со црвена нијанса, но без синкасти тонови, така усните ќе имаат повеќе сјај.

  1. Темен ајлајнер – за лицето, стилистите не штедеа во потези со црниот и кафен ајлајнер. Драматичниот изглед на очите и женствената гардероба во живи бои создаваат неодолив контраст.

Трик: Ако сакате да креирате помалку драматичен изглед стилистите Ви препорачуваат со ајлајнер да повлечете само тенка линија долж горниот раб на трепките.

  1. Хајлајтер – стилистите Ви препорачуваат светкав хајлајтер да нанесувате на јаболчниците, во внатрешните агли на очите, на средината на капакот и на средината над горната усна.

Трик: Умерено со нанесувањето, не нанесувајте повеќе од колку што треба.

  1. Вештачки трепки – долги, густи и виткани трепки го истакнуваат изгледот на секое лице. Па затоа ставајте вештачки трепки секогаш кога ќе посакате некого да освоите.

Трик: Пред  ставање на вештачки трепки, повлечете со ајлајнер тенка линија на капаците, а откако ќе ги залепите трепките повлечете уште една линија.

  1. Млеко за тело  – фустаните секогаш откриваат голем дел од телото. Тоа значи дека кожата треба да биде негувана. Кога сакате да изгледате особено блескаво, помешајте малку светкава пудра со крем и со таа смеса намачкајте ги рацете и нозете.

Трик: Меѓу дланките измешајте малку густ лосион за тело и златна пудра и тоа втријте го во кожата на рацете и нозете. Така кожата ќе биде посјајна.

  1. Кафена сенка за очи – оваа сенка за очи Ви овозможува да добиете подлабок изглед. Стилистите истакнуваат дека оваа боја на сенка подобро ги дефинира очите од темносивата.

Трик: Пред да ја нанесете сенката повлечете линија долж внатрешниот раб на долниот очен капак.

  1. Моливче за веѓи – Стилистите истакнуваат дека убаво дефинирани и обликувани веѓи се секогаш во тренд. Тие препорачуваат примена на две моливчиња со различни нијанси, за подлабок изглед на веѓите.

Трик: За русокосите се препорачува да користат со светло кафеава боја.

  1. Декоративни шнолички, стегачи, чешлиња – Овие украси за коса се детали за поинтересен и погламурозен изглед на секоја фризура. Вие ќе изберете украс за коса кој најмногу Ви одговара.

Трик: Стегачите носете ги близу линијата на растот на косата и внимавајте на Вашата коса да нема премногу украси.