Вашата коса – Вашиот најсилен адут

од  |  0 коментари

Здрава, сјајна, средена и бујна коса е извор на убавина, задоволство и самодоверба. Секој од нас има различен тип на коса, некој си е природно надарен со природно убава коса додека други мораат многу да се трудат и да применуваат трикови како би ја довеле косата во ред. Но и на едните и на другите треба да им биде приоритет правилната нега. Врвните експерти, фризери и стилисти Ви даваат неколку најважни насоки за коса во тип – топ форма.

  1. Редовно чешлајте ја косата и тестирајте ги влакната на чешелот

Во секој момент, околу 85 проценти од косата е во фаза на раст, додека останатите 15 проценти паѓаат. Косата чешлајте ја една минута, а потоа избројте колку влакна ви паднале. Ова постапка повторувајте ја два три дена по ред – губење на десетина влакна е нормално, но над тоа укажува на некој здравствен проблем.

  1. Внимателно со бојадисување, исправување, минивал …

Квалитетот на косата и брзината на нејзиниот раст се наследни особини, велат експертите. Затоа, сите третмани што ги менуваат природните карактеристики на косата и доколку премногу често се применуваат можат штетно да влијаат на нејзиното здравје.

  1. Ослободете се од првутот

Причините за првутот се габички, а научно и медицински е докажано дека цинк пиритонот и кетоконозолот ги уништува габичките, па затоа овие две материи се задолжителни состојки на шампоните за првут. Исто така истражувањата покажуваат дека кетоконазолот го отстранува вишокот мрснотии на темето.

  1. Внесувајте доволно железо во организмот

Недостатокот на железо доведува до тенчење на косата. Најголем извор на железо е месото, но исто така железото го има и во житарките и зеленчукот. Овој минерал најдобро е да го комбинирате со витаминот Ц.

  1. Важно е косата да биде пуштена во ноќта

Врзување на косата во кок може да предизвика болки и губење на косата кај слепоочниците. Не ја врзувајте и немојте да ја врзувате косата премногу често.

  1. Немојте да ги кубите седите влакна

Со кубењето го оштетувате фоликулот на влакното, а влакното што пак ќе порасне ќе биде позабележително и посилно.

  1. Ако имате мрсна коса користете суви шампони

Вие имате мрсна коса, немојте премногу често да ја миете, бидејќи ќе ја оштетите. Кожата на главата третирајте ја со препарати што впиваат вишокот маснотии ( суви шампони )

  1. Помалку консумирање на алкохол

Научниците тврдат дека малите количества на алкохол го покачуваат нивото на СХБГ 9 (секс хормон – билдинг глобулин ) кој ја одржува косата здрава, но исто така предупредуваат да  големи количества на оваа материја во организмот  ја забрзува појавата на седите влакна.

  1. Додека се сончате носете шапка
  2. Научниците тврдат дека пет дневната изложеностна најјако сонце ја слабее косата за 36 проценти, па затоа користете задолжително шапка и спреј за коса со УВ заштита.