Паралија – летување со стил за малку пари

од  |  0 коментари

ОЛИМПИСКА РИВИЈЕРА – создадена по желбата на боговите! Омиленото летувалиште на нашите туристи, во подножјето на планината Олимп на брегот на Егејското море, овозможува топлина и удобност со своите хотели, вили, песочни плажи, со многу дуќани, убави ресторани, таверни, барови, ноќните клубови и близина на трговскиот град Катерини (6 километри од Паралија) дава вистинска гаранција одморот да го поминете во ова место. 

Паралија е најпознато туристичко место во северна Грција и Олимпискиот регион, на само 70 километри од Солун кон Атина. Се наоѓа на брегот на Егејското море и има убави плажи со топло море и пријатната клима. Паралија има богат ноќен живот, полно кафулиња и дискотеки, а една од главните карактеристики е голема снабденост на бутиците и продавниците. Живописно, атрактивно, со долга плажа, чисто море, природни убавини, совршена туристичка организација со љубезни домаќини. Ова место Ви овозможува разновидни видови на забава, излети, вечерни излегувања, голем број на таверни, кафулиња и бутици.

Паралија е идеална како за богати, така и за сиромашни туристи, затоа што овозможува секакви видови на сместување, од приватни соби до луксузни хотели, а сето тоа многу поевтино од други грчки летувалишта.

Постојат многу мали плажи до кои можете да пристигнете пешки или со велосипед кој се изнајмува на цел ден. Се протегаат на брегот кој е долг околу 10 километри. Песокот на плажата е златно жолт, а на целиот брег се наоѓаат кафулиња, таверни и барови кои нудат освежување и грчки специјалитети. Плажите Лептокарија, Коронис, Пантелејмон и Платамонас најпопуларни се на овој дел од брегот на Егејското море. На сите плажи можете да уживате во водените спортови како што се сурфање и скијање на вода.
Песокот на плажата на Паралија е извонредно мек и бел и овој песок важи за најубав во Грчка. Паралија има сино знаме, што значи дека водата е кристално чиста, песокот мек и чист како пудра, а престојувањето на плажата безбедно. Посебна интересна атракција е нуркањето кој го открива преубавиот подводен свет на Паралија.