Патување за 8ми март: Златна Прага – вечно златниот град!

од  |  0 коментари

За Прага кажуваат дека е најубав европски град. Широки улици, студениот ветер од реката  Влтава кој немилосрдно Ви дува во косата, прекрасните градби кои можат да се најдат само во овој мал рај … Сето ова е Праг, златниот Праг !

Основан е уште во десеттиот век  во нашата ера, но својот подем и напредок доживеал за време на владеењето на кралот Карло IV. Овој прекрасен град многу нешта поднел на своите плеќи – немилосрдните Хабсбурговци, различни периодични револуции, социјализам и комунизам, одмазди од страна на сојузниците … Сепак, тој гордо се држел, а неговите 1,5 милиони жители можат за тоа да Ви раскажат со безбројни приказни.

Дали знаевте дека прв универзитет во Источната Европа бил основан токму во Прага? Го основал Карло IV и тоа во далечната 1248. година. Во текот на две децении по основањето на овој универзитет, биле основани универзитети во Виена, Краков и Печух.

specijalni ponudi za 8mi mart.fw (1)

Градот на културата, градот на големите плоштади, градот на пивото. Дали знаевте дека Чесите се најголеми европски консументи на пиво? Многумина мислат дека тоа се Германците и дека се тие најголеми производители на пиво во Европа, но тоа не е вистина. Чесите имаат најмногу регистрирани пива (преку 200 видови), а можат да се пофалат дека се најголемите европски консументи на пиво.

Битно е и да се спомне и тоа дека во Прага се наоѓаат голем број на градби кои се под заштита на UNESCO, а само некои од нив се: Карлов мост, Катедрала Свети Вид, Прашкиот дворец (најголемиот дворец на светот чија површина изнесува повеќе од 70000m²) астрономскиот часовник … Зошто да ја посетите Прага за 8ми март? Одговорот е едноставен: доколку се уште сакате да доживеете бајка, упатете се кон овој златен град!

Оваа задоволство ќе Ви го овозможи Ариес травел Битола!