Победете го целулитот!

од  |  0 коментари

Сигурно некогаш сте дошле до ситуација да ви се чини невозможно отстранувањето на целулитот. Сепак, комбинација со редовно вежбање, здрава исхрана и ефикасни третмани е вистинската формула за постигнување на резултати.

celulit1

Проблемот со целулитот не е карактеристика само за личностите кои имаат вишок килограми, туку се повеќе се јавува и кај слаби жени, кај оние жени кој нередовно вежбаат и не се хранат здраво. Тоа се случува од причина што во настанувањето на целулитот има генетски фактор, односно анатомијата на женското тело и дејството на женските хормони, кои предизвикуваат слабост на поткожното сврзно ткиво.

Како настанува целулитот?

Ослабената циркулација предизвикува намален проток на кислород во хранливите материи што доведува до собирање на штетни материи и води до пореметување на нормалниот метаболизам и понатаму предизвикува дегенеративни промени на сврзните ткива. Низ ослабеното сврзно ткиво продираат поткожните масни наслаги и настанува целулит. Иако е генетскиот фактор значаен, сепак на настанувањето на целулитот многу влијаат и животните навики.

Лоши навики и целулит

Нередовна и неадекватна исхрана, современ начин на живот кој подразбира седење, пушење цигари, исто така допринесуваат настанок и влошување на целулитот. Треба на време да се преземат мерки за борба против целулитот , во спротивно тој само ќе се влошува.

Стадиуми на целулитот

Постојат 4 стадиуми на целулитот. Во првиот стадиум видлив е само кога кожата ќе се стегни, во вториот е видлив во стоечка позиција, во третиот е видлив и во лежечка положба, а во четвртиот стадиум се прават јазлести формации кој се осетливи на допир. Многу е важно да се делува на целулитот додека е сеуште во почетните стадиуми.

Решение постои!

Здрава, урамнотежена исхрана, со внесување на многу течности, како и редовно вежбање ја намалува видливоста на целулитот но неможе да го излече целосно. Затоа постојат додатни ефикасни третмани кои ќе ви помогнат да се изборите комплетно со целулитот!

 

Viola logo