Практични совети против предвремено стареење за кожата во вашите 20, 30 и 40 + години

од  |  0 коментари

Не ја барајте фонтаната на младоста, бидете млади и во дух и во тело преку овие неколку практични совети против предвремено стареење за кожата во вашите 20, 30 и 40 + години. Пронајдете ја преку секојдневната грижа за вашето лице затоа што тоа е најголемиот индикатор за вашата старост а и за тоа како се чувствувате.

Лицето во секое доба од нашиот живот е потребно да подлежи на различен режим на нега. Пред да започнат нашите вистински мали и големи грижи потребно е да бидеме информирани за се она што е штетно за нашата кожа, а и за се она што е потребно за да се прави со цел да се ужива во беспрекорно убаво и негувано лице и кожа во нашите дваесетти, триесетти и четириесетти години.

Совети за  нега на кожата на 20+ години

Почнете со грижата за вашата кожа уште денес. Истражувањата покажале дека колагенот и еластинот (одговорни за еластицитетот и здравиот изглед на кожата)  се состојки кои значително се намалуваат откако ќе наполните 25. Дневната употреба на производи за чистење на лице кои содржат  glycolic/salicylic/azelaiс – ни киселини се препорачливи (побарајте ги на задната страна на пакувањата на вашите омилени производи за нега)

Започнете со дневна употреба на лосион за заштита од сончева светлина и (UVA/UVB) зраци во секоја сезона од годината не само во лето и ќе избегнете флеки, дамки и шаренило на лицето.  Јадете правилно, конзумирајте големи количини на зелнчуци богати со антиоксиданси, производи и тестенини од цело зрно, протеини, здрави масни киселини и многу вода. Избегнувајте процесуирана храна која е богата со сода и шеќери затоа што предвремено ќе го остари изгледот на вашето лице.

Не смеете да го правите следното:

  • Не смеете да си легнете никако со шминка на лицето
  • Користете ги истите производи за остранување на кани како во вашите тинејџерски години
  • Не се сончајте во солариуми затоа што UVA зраците се најчестите предизвикатели на зголемен ризик за појава на рак на кожата. Наместо тоа користете средства за самопотемнување доколку сакате тен во текот на целата година.

Совети за  нега на кожата на 30+ години

Вежбајте редовно и редуцирајте го стресот, тој е еден од поголемите виновници за појавата на брчките на лицето. Кога одбирате кремови за лице одберете против кремови стареење на кожата кои содржат витамин А и се богати со антиоксиданси и ретиноиди. Користете навлажнувачки кремови на деловите на лицето кои подлежат на сувост, најбитна компонента која го спречува сушењето на кожата е хиалуронската киселина која природно се содржи во кожата, но како што старееме незината концентрација се намалува драстично. Места на кои е потребно да обрнете внимание додека водите грижа за кожата освен лицето се и вратот, градите и надворешната страна на дланките поради то што можат да ве направат постари.

Немојте:

-да го прескокнувате времето за квалитетен сон поради тоа што поради недоволен сон ни се намалува можноста за паметење, рефлексите а и ни се намалува отпорноста и имунитетот.

-Никогаш не заборавајте да вршите ексфолијација на вашата кожа и да ги отстранувате мртвите клетки од лицето затоа што кога не ги чистите ови клетки тогаш регенерацијата на новите со годините се намалува и лицето ни старее и е помалку подложно да ги исфрла старите и да продуцира нови, а трагите од тоа ќе останат видливи на нашето лице. Совет: правете домашни маски за лице со шеќер лимон и мед за оптимално отстранување на мртвите клетки и потхранување на кожата.

Практични совети против предвремено стареење за кожата во вашите 40 + години

Во оваа доба потребно е да го посетувате редовно вашиот дерматолог и да се грижите за проблематичните зони на лицето. Секојдневно ексфолирајте го вашето лице и одберете производи кои содржат киселини како glycolic(чни) salicylic и  azelaic (чни).

Немојте да користите сапуни за чистење на лицето порадит тоа што ја сушат вашата кожа и немојте да заборавите да ги практикувате советите за здраво живеење кои во комбинација со третманите ќе ви донесат бенефиции и врз здравјето на вашата кожа.