Како правилно да ја негувате вашата коса.

од  |  0 коментари

Сјајната и здрава  коса е сон на секоја девојка. Бидете секогаш убави и препознатлви по неа. Но  за жал често нејзиното одржување знае да биди и вистински кошмар. За убава и негувана коса,потребно е покрај изборот на квалитетен шампон да се избере и квалитетен регенератор за коса онаков каков што им одговара на вашите потреби и типот на косата.Почитувањето на ова непишано правило  помага да не дојде до оштетувања на кожата на вашата глава.Но сепак треба да имате во предвид и дека постојаното користење на ваквите препарати можи да доведе до појава на првут. Бидејќи пречестото користиње на производите од ваков тип не и дозволуваат на косата ,,да дише’’  нормално што доведува до појава на првут,себореа и различни габични заболувања. Денес на пазарот понудата на регенератори е навистина голема и лесно може да се најде соодветен регенератор за вашата коса, кој ќе има прифатлива цена и е со добар квалитет.

Како правилно да го користите?

  • Користењето на регенератор како дел од негата е исто толку важно како и самото миење на косата. Тоа е најдобриот начин за хидратизирање на влакното. Никогаш не го ставајте на темето, туку на влакната, односно ставајте од средината кон врвовите. Не го држете повеќе од 5 минути, освен ако на пакувањето не е поинаку наведено.
  • Важно :Повремено одморете ја коста! –  Потребно е повремено да и дозволите на кожата на главата и да се ,,одмори”  од регенераторот а вие да се обидете да преживеете без него,барем две седмици.

download

Како да го препознаете вистинскиот продукт за вас?

  • Една од главните одлики на добриот регенератор е да се плакне лесно од косата, дури и тогаш кога сте ставиле поголемо количество по грешка.
  • Треба да се придржувате до користење на овие средства кои се наменети за различни типови коса, и да се избере оној кој најмногу ви одговара.
  • За сува коса користете хидратизирачки регенератори без алкохол, додека за масна коса најдобар е оној без масло.
  • Оштетената коса најдобро ја обновува регенератор со додаток на протеини, како бадемово и маслиново масло. За бојадисаната коса се препорачува регенератор со екстра протеини кои ќе  помогнат за ревитализација на косата.

Како наша денешна препорака во врска со темата на која што зборуваме е регенераторот на Ореа кој што е навистина квалитетен а исто така има и  добра цена. Примарната функцијата на Ореа  регенераторите за коса е отстранување на вишокот на себум (масна материја што ја лачат лојните жлезди. Тие ја штитат кожата и косата, но вишокот на себум ја прави косата мрсна и создава лош мирис). Ореа регенераторите се збогатени со витамини, протеини и екстракти од овошје, што придонесуваат за зголемување на сјајноста, густината и хранливоста на косата.