Рацете зборуваат за Вас

од  |  0 коментари

За да ги восхитите другите со Вашите нокти, не Ви се потребни скапи третмани, туку само малку нега.

Доколку на ноктите посветите внимание секој ден, тоа нема да трае повеќе од неколку минути. Доколку користете лак за нокти, треба редовно да го менувате, не само што се со текот на време лупи туку поради брзина на растењето на ноктите. Имајте на ум дека не се препорачува вадењето на лак повеќе од еднаш до два пати во неделата, бидејќи тоа додатно ќе ги исуши ноктите. Тоа можете донекаде да поправите доколку ацетон во свој состав има додаток кој воедно и хидрира ноктите. Пред да ги лакирате ноктите обратете внимание на кожа околу ноктите. Некаде ја има повеќе, некаде помалку, некаде е испукана или неуредна. Не треба да ја сечите, туку да ја омекнете со некое масло ( на пример со бадемово ), а потоа полека да ја излупите.

Би било добро пред лакирање на ноктите прво да ставете безбоен лак, бидејќи во некои случаеви ноктите можат да пожолтат поради пигментот во лакот. Тие кои имаат трпение и на кои ноктите не им се многу оштетени, дури и пред тој лак кои има заштитно дејство можат да нанесат посебен лак кој освен што ги заштитува влијае и на цврстина на ноктите. Исто така за оние кои се посебно трпеливи, тука е и лак за полирање кој се нанесува последен, кој служи за постојаност на лакот. Запомнете дека е подобро да нанесувате неколку тенки слоеви на лак отколку еден подебел слој. Тенките слоеви побрзо ќе се исушат и ќе бидат многу поцврсти на ноктите.

Купување на лак за нокти

Кај купувањето на лак за нокти водете сметка за својствата: брзина на сушењето, долготрајност, отпорност на надворешните фактори …

Кај изборот на лак за нокти, доколку навистина имате време за средување, најдобро е за секојдневен лак да изберете некоја неутрална нијанса, проѕирна или металик боја. Можете дури и да користете боја која преовладува во вашата гардероба, така да можете да комбинирате и со алиштата.

Лакови со интензивна боја најдобро е да го нанесувате еднократно, за некоја посебна прилика, на пример за вечерни излегувања на кој сакате посебно да се истакнете.

За да ги воодушевите другите со Вашите нокти на рацете или нозете, не Ви се потребни редовни и скапи третмани на маникир, освен ако имате некој посебен проблем. Доволно е да ги редовно сечите, негувате кожата околу ноктот и користете лак и редовно да го менувате. Доколку на рака ставете уште и прстен, Вашите прсти и нокти ќе блеснат и сосема сигурно ќе привлечат внимание.

Француски маникир

Кај користењето на неутрални и природни нијанси, за постигнување ефект на француски маникир, наместо да порасни лакирајте со посебен бел лак, послужете се со бел молив за нокти кој ќе нанесете под нокотот. Тоа е поедноставно, поуредно, прецизно и побрзо