Трикови кои ги бришат годините

од  |  0 коментари

Со неколку едноставни трикови ќе изгледате помладо неколку години, ќе го избришете уморот и ќе ја вратите свежината на лицето.

Не постои жена која не би сакала да изгледа неколку години помладо, затоа еве неколку совети кои визуелно ќе Ве подмлади, освежи и поправи расположение.

Кркми

Густи кркми ќе ги сокријат брчките на челото и ќе го избриши уморот од Вашето лице. Сепак, пред да се одлучите за нив, советувајте се со Вашиот фризер кој ќе одреди кој облик најдобро Ви одговара со цртите на Вашето лице и со веќе постоечката фризура.

Прамени

Боја на косата може да направи чудо! Вистинска нијанса може во момент да Ве подмлади неколку години, но исто така може да додаде неколку години. Доколку сакате да изгледате помладо, изберете што е можно по природни бои за коса, по можност посветли нијанси. Дополнителна свежина ќе Ви даде и дискретни праменови неколку нијанси посветли од Вашата природна боја.

Кармин

Што сте постари, треба да ги избегнувате темните нијанси на кармин, бидејќи непотребно ќе Ви додаде години. Темните заменете ги со живи нијанси на црвена или нежно розови тонови. Светлите нијанси ќе направат да Вашето лице изгледа посвежо, а со самото тоа и помладо.

Бронзер

За да го освежите лицето и како би му вратиле младешка свежина и сјај, употребете бронзер. Ставете го на образите, брада и на чело. Внимавајте само да не употребувате премногу темни нијанси, бидејќи во тој случај резултат би можел да биде спротивен од посакуваниот.

Нагласете ги веѓите

Средете ги Вашите веѓи, но внимавајте да не бидат ни премногу широки ниту претенки. Најдете совршен облик и редовно одржувајте ги. Употребете молив и дополнително нагласете ги. На овој начин наместо на подочњаците и брчки околу очите вниманието ќе го насочите на горниот дел на очите.

Заби

Ништо толку не не подмладува како здрава и бела насмевка. Бели здрави заби во момент намалуваат години, најмалку десет години. Размислете за избелување на заби, било дома или кај стоматолог.

Насмевка

Не постои ништо што жената би ја подмладило повеќе од незиниот искрена насмевка. Затоа  насмевка на лице и барајте во се причина за насмевка и добро расположение.