Затоа што те љубам- Гијом Мисо.

од  |  0 коментари

Преубава книга која ќе ве држи во неизвесност до самиот крај. А крајот – огромно изненадување!

Доколки и вие сте во оние кои што обожаваат мистерија и неизвесност ова прекрасна книга која што има примеси на мистерија,моменти на љубопитност и епитети на интригантност е токму за вас.Трогателна човечка приказна во која се обединети трите најважни елементи во животот на секој човек: Најголемата и најсилната љубов која што пости,а тоа е љубовта на родителите кон децата,што се би направиле за некого што безусловно го сакаме, и неизбежното прашање за смрта? Книга во која е опишано како луѓето се соочуваат со загубата на некој близок и за колку кратко време може да ни се промени животот. Приказна за истрајноста, за болката која засекогаш останува како и за решителноста и одлучноста да се продолжи напред.

Лајла е главниот лик во книгата.Таа е само петгодишно девојче кое мистериозно исчезнува и за кое немало ни трага ни глас цели пет години.По пет години таа повторно се појавува, но дали нејзиното појавување е случајно или носи некаква порака?  Како малата Лајла успеа да ги спои сите ликови? Како нејзиното исчезнување влијаеше врз сите нив? Како животот на сите ликови ќе биде променет заради малото девојче? Дали е полесно да се прифати реалноста или пак, некогаш е полесно живееме во илузија? Колку далеку тие отишле за да ја зачуваат надежта за љубовта? До каде е спремен човековиот ум да оди за да го спаси човештвото?

download

Јас тука би завршила и повеќе не ви откривам ништо детално за ова дело. Делото зборува само по себе како што е испишано во книгата: Не сме тие кои што ги зборуваме зборовите.Зборовите се тие кои што зборуваат за нас!!

Оваа драма постојано ве вовлекува во мистеријата и ве држи во неизвесност. Едноставно секој дел предизвикува нов интерес кај читателот,секој крај на еден дел ве провоцира само да продолжете да го читате и следниот. Верувајте нема да ве остави ни да ,,трепнете”ќе ја прочитате во еден здив. А бидете сигурни дека е невозможно лесно да ја заборавите..

За сите што ја немаат прочитано – Задолжителна е!