Седум златни правила за правилното миење на лице

од  |  0 коментари

Мислите дека научивте се за основите на миењето на лицето веќе во детството? Е па се лажете. Бактериите кои ги соберуваме во текот на денот, шминка со сомнителен квалитет и лошата нега на лицето, брзо може да резултира со лош тен и создавање на брчки.

За да тоа Вас не Ви се случи, прочитајте ги овие седум златни правила за миењето на лицето.

1. Вистинскиот гел за миење на лицето   

Гелот за миење на лицето треба да биде прилагоден на Вашиот тип на кожа (мрсна,сува или нормална) и да има соодветна pH вредност. Препораката од стручњаците е да користете гел или пена за чистење на мрсна кожа и крем текстури за сува кожа. Избегнувајте го сапунот затоа што е суши кожата.

2. Чисти раце    

Иако се подразбира, важно е да се нагласи да во било каква интервенција на Вашето лицето, Вашите раце мора да бидат чисти. Значи, пред да почнете со чистењето и негата на лицето добро измијте ги рацете, затоа што во спротивно на лицето ќе му нанесете дополнителна штета.

3.  Чист пешкир    

Пешкирот е потребно да го менувате секој ден, или дури по секое миење на лице. Причината е очигледна, валканиот пешкир ќе направи полошо, бактериите на лицето ќе се вратат во уште полоша варијанта.

4. Млака вода   

Ако сакате Вашата кожа да биде постојано хидрирана, лицето мијте го со млака вода. Студената вода ги намалува порите и оневозможува излачување на себумот, додека жешката вода предизвикува воспаление и може да му направи уште полошо на Вашите акни.

5. Внимателно со пилингот   

Жените често претеруваат со пилинзите и на тој начин премногу ја тријат кожата. Бидете нежни кон Вашата кожа и при изборот на пилингот изберете ги оние кои имаат понежна структура  и нема дополнително да ја иритира и оштети кожата.

6. Добро измијте го гелот од лицето    

Доколку наутро често пати се брзате и не го измиете добро гелот од лицето, а да при тоа никогаш и не размислувате, можеби е време тоа да го направите. Доколку лицето по нанесувањето на гелот не го измиете до крај, тоа дополнително ќе ја исуши.

7. Два пати на ден без шминка!

Многу луѓе не го мијат лицето доволно, а би требало да го миете барем два пати во денот. Наутро, штом ќе се разбудите да ги отстраните бактериите кои на кожата се соберуваат во текот на спиењето, а навечер, за да ја отстраните шминката и бактериите насобрани во текот на денот.