Се гледаме на врвот- Коста Петров!

од  |  0 коментари

Која е нашата цел во животот? Кој е тој зрак светлина што му дава смисла на нашето секојдневие кое тече според навика? За штовсушност сите се бориме?

Успех. Да. Сите ние се бориме за успех. Се бориме да се искачиме на врвот и да ја помирисаме магијата на супериорноста.

Патот до врвот е скала. Многу од оние што се обидуваат да ја искачат паѓаат и никогаш повеќе не се обидуваат. Падот ги крши, ги ништи. А некои пак, имајќи ја шансата да се качат му се предаваат на задоволството и успехот. Забораваат кои сè и ја закопуваат калта во која живееле длабоко во минатото. Ниту скалата е вистинска. Постојаната потрага е сè она што постои. Но запаметете! На врвот има место само за две стапала, едно тело и душа скитничка. Заборавете на сè и… СЕ ГЛЕДАМЕ НА ВРВОТ!

Дали сте свесни дека ние самите ја контролираме нашата иднина?
Духовните закони на причината и последиците велат дека позитивни дела носат позитивни резултати додека негативните креираат хаос. Одлуките кои го носиме и начинот на кој ги третираме другите, тоа се работите кои ја одлучуваат нашата иднина.
Што ќе се случи утре зависи од тоа што го правиме денес.