Fifty shades of grey – книга која возбуди милиони жени ширум светот

од  |  0 коментари

50 Нијанси на сиво или пак  Fifty shades of grey е еротска книга чиј феномен ја потресе културата на читање на книги, ја фасцинира женската публика, ја возбуди и кинематографијата со филмот кој нетрпеливо се очекува во киносалите веќе од наредниот месец. Со повеќе од 100 милиони копии продадени ширум светот и веќе трансформирана во филм оваа книга дигна толкава фама и стана култ оваа измината година.

Книгата обработува пикантна тематика, наманета е за зрела и возрасна публика. Обработува тематика за аферата помеѓу младата студентка Анастасија Стил и малдиот претприемач Кристијан Греј. Одејќи на интервју за работа младата Анастасија го среќава Кристијан, маж кој е убав, богат, брилијантен и застрашувачки згоден. Младата и наивна Ана започнува да сваќа дека го посакува овој маж и покрај енигматиката која се крие зад него и е очајна да стигне блиску до него. Неможејќи да и одолее на тивката и повлечена убавина на Ана, Кристијан признава дека и тој ја посакува но по свои правила.

Љубов или адреналин? Емоции или страст?

Оваа книга не обаработува класична љубовна врска, не обработува тематика за љубов, таа отсликува преименување на оваа љубовта во еротска страст и желба за контрола, тоа е и причината поради која е и токму привлечна, темата е модерна љубов која помалку делува и застрашувачки.

Она што ја прави оваа книга толку воодушевувачка е тоа што Кристијан има се што една жена може да посака, но има шокантни еротски вкусови, измачуван е од безброј персонални демони и опседнат е со потребата од контрола. Садомазирачката природа на Кристијан е толку шокантна но и привлечна за Ана што паралелно откривајќи ги тајните на Кристијан Греј ги истражува сопствените мрачни желби и потреби.

Зошто оваа книга стана толку популарна? Најверојатно заради потребата од откривањето на нашите внатрешни демони, желбата за да уживаме потајно во себе восхитувајќи се во она што парите можат да го купат, да ги откриеме нашите скриени фантазии а воедно и да откриеме што всушност за нас е надвор од таб тема.

Погледнете го накратко пикантниот трејлер за филмот, згодните актери  и очекувајте го наскоро на вашите екрани, по 14 Февруари 2015. Се надеваме дека ќе биде добар како што е исфаворизиран …