Масажа-лек и задоволство за секој.
Масажата е значајна за нашето физичко,емоционално и духовно здравје, нејзиното благотворно влијание ќе направи да се чувствувате како нови.Без разлика на типот на масажата нејзиното влијание е повеќекратно. Замислете дека вашето тело е една фабрика, вашите мускули се работниците во оваа фабрика.Бидете сигурни дека ,,работниците,, ќе бидат поефикасни доколку го добиваат доволното количество на храна,воздух и одмор. Снабдувањето на мускулите со крв е клучната работа за да може телото нормално да функционира.Масажата е ,,виновникот,, кој добротворно делува и служи за зголемување на циркулацијата,што значи обезбедува повеќе кислород и помага за исфрлување на штетните материи од организмот.Токлму тоа е најголемата придобивка од неа.Исто така, масажата најмногу помага на болните мускулите и зглобовите, како и зголемување на еластичноста на кожата и телото,подобрување на имунитетот, анти-стрес ефект.Проблемот со болките во грбот најдобро можете да ги решите со серија од масажи.
Масажа генерално се дефинира како било каква форма на притисок, триење и ,,манипулирање,, со вашата кожа, мускулите и тетивите. Масерите користат различни техники, како прстите на рацете, често лактите, па дури и нозе. Оваа широка дефиниција остава простор за многу бројни техники,дефинирање и групирање на масажите, но во суштина постојат 4 вида на масажи:
- Шведска масажа– Тоа е она што ние народски ја нарекуваме релакс масажа, а практично се подразбира благ притисок и широки кружни движења.Целта на оваа масажа пред се е опуштање.
- Масажа на ткиво-Овој тип на масажа подразбира мал притисок и пократки движења. Оваа масажа на мускулите и сврзното ткиво најчесто се користи при повреди.
- Спортска масажа– иако техника е слична на Шведска и други масажи за релаксација, спортска масажа е нешто поинтензивна, и целта е опоравување на спортистите, најчесто се користи после повреда или како превенција.
- Масжа на чувствителни точки –Оваа масажа служи за опуштање на напнатите делови на телото , а според источните правила се врши притисок врз т.н. ,,кубо точки,,
Дали е потребно да зборуваме за бенефитиот од масажата?
Денес, масажа е призната како комплементарни форма на третман и се препорачува од страна на лекарите(особено специјалистите). Масажа сега е составен дел канцерогената терапија, психијатриски заболувања, кардиоваскуларни заболувања,итн
Здравствени придобивки што можете да очекувате по третманот:
- Подобрување и забрзување на крвотокот и лимфотокот,
- Подобрување на еластичноста и регенерацијата на кожата,
- Опуштање на мускулите,
- Подобрување на дишењето,
- Го стимулира варењето на храната,
- Го забрзува метаболизмот,
- Го подобрува отстранувањето на штетните материи од телото,
- Ја намалува болката и напнатоста,
- Позитивно делува на внатрешните органи.
Пријатната музика и свеќите се составен дел од амбиентот во кој се извршува масажата, исто така не смееме а да не ги спомнеме етеричните масла со опуштени мириси, кој им додаваат дополнителната вредност на масажата. Препуштете им го ова задоволство на вашето тело бидејќи тоа го заслужува!