Три едноставни совети за летната нега на стапалата

од  |  0 коментари

Со доаѓањето на летото жените се сретнуваат со проблеми на суви и попукани петици. За да со тоа лесно излезете на крај, Ви предлагаме три едноставни совети кои ќе Ви помогнат.  

1. Редовно тријте ги петиците 

Прв чекор во постигнувањето на совршени или барем пристојни петици за ова лето е триењето. Испуканите петици потребно е добро да ги истриете со камен за петици за да го отстраните вишокот на кожата.

Тоа можете да го направите во текот на капењето или по капењето, додека е кожата се уште мека. Други пак советуваат дека петиците е добро да се истријат и додека се потполно суви, пред капењето. Па затоа одберете начин кој најдобро Ви одговара.

  1. Потопете ги нозете во вода секоја вечер     

За да во летото немате груби петици, едно од правилата е дека секојдневно треба да ги потопувате во вода.

Искористете го слободниот момент на крајот на работниот ден и наполнете го леѓенот со вода. Можете да додадете неколку капки етерично масло, и задолжително подгответе лосион или крема.

3. Задолжително мачкајте ги петиците со крем  

По потопувањето во вода задолжително е да ги  мачкате петиците со крем и клавање на памучни чорапи, за да ефектот биде уште подобар.

Со оглед на летното време и големи горештини, тешко дека ќе издржите да спиете со чорапи. Па затоа исечете го местото на чорапите каде што се прстите така да Ви останат само покриени петиците.