Шопинг тура – Од Истанбул до Сегедин

од  |  0 коментари

Истанбул- за добар шопинг во Истанбул доволно е да ја посетите Капали чаршија, познатиот турски базар со над 4 000 дуќани.

Сегедин – рај за купохоличари

Жените најчесто одат во овој град поради најголемата H&M продавница во регионот, каде гардеробата за време на распродажбата е намалена 30-60 проценти. Тука се и шопинг центрите Аркад и Segedplaca додека најефтини супермаркети се Теско и Кора.

Солун – голем шопинг центар

Целиот е еден голем шопинг центар. Улиците на Солун кои се паралелни со морето, се преполни со дуќани. Меѓутоа тука важи правилото да робата секогаш е поскапа во бутиците кои се поблиску до морето. Најпопуларни дуќани се наоѓаат во улиците Nikis, Cimiki I Egnatia.Обавезно го препорачуваме трговскиот центар Mediterranean cosmos кој е оддалечен 10 километри од Солун.

Трст како некогаш

Шопинг турите за Трст станаа повторно актуелни. Турите кои денес ги организираат туристичките агенции најчесто ги вклучуваат центрите во околината на Трст и Венеција. Најчесто се оди во центрите како што се Palmanova и Noventa di Pijava во близина на Венеција и Tori d Europa во близина на Трст.

Царскиот шопинг во Виена

Најпосетените шопинг улици во Виена се наоѓаат во центарот на градот, а пред сè по пешачката зона Кернтнерштрасе и Грабен, каде се наогаат бутиците со најексклузивна облека од сите марки. Во Виена можете да одите во шопинг и во познатите големи шопинг молови: во близина на операта Ringistrasen Galerin или Lugner City кај Vestbanhofa, како и Shopping City Sud на периферијата на градот. Кај туристите омилен центар е Parndorf каде гардеробата од познатите светски марки можат да се најдат и на намаление и до 70 проценти.