Виена – Нова година во царскиот град!

од  |  0 коментари

Во последните денови од старата година, царската Виена се претвора во вистинска новогодишна претстава. На 31. декември стариот дел од градот станува место на славење. Десет бини со разновидна музичка програма, валцер, со гастрономски специјалитети, варено вино и пунч. Сето тоа зачинето со Вашето добро расположение, шампањско во полноќ и спектакуларен огномет над Пратер, ќе овозможи да влеземе во Нова година на најубав можен начин.

Виена е некогашен царски град и една е од најстарите метрополи во Европа. Град со барокна уметност, сецесија, виенски класици ( Моцарт, Бетовен, Хајден ), градот на валцерот ″На убавиот  син Дунав″, музика која е синоним за Виена. Не треба да го заобиколите ниту Ринг, Плоштадот на Марија Терезија, Парламент, Хофбург, Ратхаус, Опера, Бург театар, Пратер, Дворец Шенбрун … Сето ова и уште многу знаменитости е она што го прави Виена да биде посебна.

Ќе се потрудиме да Ве информираме за најважните симболи на градот кога е во прашање City Break варијанта.

Доколку доаѓате во Виена за Нова година, би требало да знаете, како што веќе спомнавме дека Новата година се чека на десет бини кои се распоредени во целиот град. Во зависност од афинитетите и стилот можете да изберете вид на музика која одговара на Вашиот вкус.

Доколку не сте љубители на музиката и сакате романтична атмосфера, на плоштадот Грабен можете бесплатно да научите да танцувате валцер. Во тоа ќе Ви помогнат инструкторите од Виенската школа на танец, која на овој начин го промовира своето работење.

За оние кои ја сакаат авантурата без никаков план ќе биде доволна информација дека голем број на производители на храна и вино формираат штандови со нивните производи во самиот центар на градот и ги нудат своите производи преку бесплатна дегустација или преку ниски цени.

Ексклузивниот начин на Виенскиот пречек на Новата година е возењето со брод на Дунав. Крстарењето морате предвреме да го резервирате, а доколку во тој период паѓа снег, со волшебно убава панорама можете да ја запросите саканата личност  или да бидете запросени. Имајте го ова во предвид, многумина се обиделе, а некои ова го искористиле!

За оние кои ги сакаат возовите, во возот Majestic Imperator за Новата година се организира луксузен пречек. Уште една варијанта на луксуз Ве очекува во Sacher хотелот кој е сместен во самиот центар на градот каде што можете да прославите уз шампањско, бал без пиротехника и уз класична музика. И конечно, за господата од високиот стил, Виенската државна опера дава Штраусови композиции. Културната понуда на овој град е огромна, а треба да знаете дека на 31.12 и 01.01. сите изложби, галерии и музеи се отворени за посетителите.

Не чекајте го погодното време за да ja посетите,не гледајте ja само на телевизија и не воздивнувајте на нејзините убавини,  оваа есен почувствувајте ја навистински неговата магија, а тоа слатко задоволство сега ви го овозможува Ариес травел. Проверете на aris.mk. Не чекајте го погодно време,секое време е погодно.