Прагa, еден од најубавите европски градови

од  |  0 коментари

Во било кое годишно време да ja посетите Прагa тaa ќе Ве импресионира со својата убавина и раскош, ќе се одушевите од монументалните градби и од мостовите кои ги спојуваат бреговите на реката Влтава.

Се наоѓа во срцето на Европа, со илјада кули и со импресивна архитектура, град на алхемичарите и магијата, а воедно и модерна метропола со извонредно сочувани историски објекти. Прага е изградена на седум ридови , ја пресекува реката Влтава и поделена е на стар и нов дел. Стариот дел на градот го сочинуваат лавиринтите на алеите, улицита од калдрма и премините кои водат до плоштадот на стариот град.

Уште од средниот век се смета за еден од најубавите европски градови, а убавината и привлечноста на овој град потекнува од совршениот спој на готската и барокна архитектура во единствена целина. Кога ќе ги видете убаво украсените златни фасади ќе разберете зошто Чесите со гордост нивниот град го нарекуваат златен.

Инспирација за создавање во Прага најдоа големите писатели, сликари и композитори како што се: Кафка, сликарот Муха и композиторите Дворжак и Моцарт.

Прага е град на културата, тука е и познатиот Карлов универзитет основан 1348, додека Карлов мост е изграден во XIV век кој е украсен со 30 импозантни статуи од која најпозната е статуата на светиот Јован Непомук направена во бронза, која покажува како го мачат и фрлаат во Влтава по наредбата на Венцеслав IV а по легендата оваа статуа носи среќа. На туристите им е омилена Златната улица која не го менувала изгледот дури од XVI век а во неа се наоѓаат куќите на угледните граѓани од тоа време кои се денес претворени во музеи и галерии.

Прага е позната по Хртчани, најголемиот стар дворец во светот кој го изградил принц Боровој во IX век а неговиот денешен изглед  датира од XVIII век од времето на владавината на Марија Терезије.

Прага има богата културна понуда и можете да посетите многу знаменитости а ние Ви ги предлагаме следните културно историски знаменитости:

Карлови вари – најголемото Чешко бањско лекувалиште кое го изградил царот Карло во IV век. Од Прага е оддалечено 120 километри.

Замокот Карлштајн – готскиот замок Карлштајн беше резиденција на царот Карло IV и во замокот се наоѓа прочената збирка од 129 слики како и најголемата галерија на портрети и реплики на круните на чешките кралеви.