Што се спаѓа во неверство?

од  |  0 коментари

Правилата во врските лесно се менуваат. Како што опшеството се развива и паровите имаат поголема слобода од порано, па поради тоа и неверството сеуште останува најчестата причина за прекин на врската.

Што е точно неверството ? Како би се однесувале кога вашиот партнер би ве изневерил или дали исто го дефинираме неверството на мажите и жените? Ова се некои од прашањата со кои неодамна се занимаваше едно америчко истражување.

Неколку амерички страници за онлајн запознавање спровеле мало истражување на околу три илјади самци стари измеѓу 18 и 60 години.

Што е точно неверството за мажите и жените? Студијата откри дека 100% од испитаните жени одговориле дека бакнувањето со друг партнер се смета за неверство, додека истото мислење за оваа ситуација го имаат 86% од мажите.

Врз основа на тоа, 77 % од жените сметаат дека и емоционалната врска со друга особа се смета за неверство, наспроти мажите кои го имаат истото мислење во бројк од 55%. Исто така, 8% од жените и 56% од мажите сметаат дека испраќањето на СМС порака или онлајн флертување се неверство.

И покрај разликите во мислењата и дефинирањето на неверството, две третини од испитаниците размислуваат дали навистина во иднина да се венчаат со партнерот кој ги изневерил.Само 4% од нив кажуваат дека дефинитивно би стапиле во брак со личност која воопшто не ги изневерила.

“Некои луѓе полесно простуваат од други. Сепак се работи за тешки моменти кои треба да се пребродат а може да претставуваат значаен проблем во врската. Ако се преброди, парот ќе стане појак и по приврзан”, рекоа научниците.

Научниците додадоа дека најважна е комуникацијата и искреноста меѓу партнерите за да се спречи можноста за изневерување.