Следна гарнитура – каков материјал да изберете?

од  |  0 коментари

Планирате ли да купувате гарнитура? Прво одлучете кој материјал најмногу одговара за вашето семејство и вашиот дом. Имате ли деца, куќни миленици, дали сте алергични, колку ви е лесно да го разладите домот ( или секогаш ви е топло), дали сте неспретни или стално ви паѓа храна, допуштате ли храна и пијалоци во дневната соба или на тоа прашање сте прилично строги? Сите овие работи имаат големо влијание на материјалот за мебел кој го бирате.

Навлаките за гарнитура се делат на природни и синтетички материјали. Синтетичките материјали имаат свои предности: потрајни се, отпорни на дамки, лесно се чистат и се единствена опција за луѓе кои се алергични на природна кожа. Природните материјали се едноставно природни. Мислиме дека тоа за почеток е доволно јак аргумент.

Памукот е материјал од кој лесно се чистат дамки. Не избледува под дејство на сончеви зраци и отпорен е на кинење. Погоден е за топла клима бидејќи дише. Ако имате дом кој тешко се лади за време на летните ноќи, секако памукот е најдобриот избор за следна гарнитура.

Кожа, потполно природен, единствен и најскап материјал од кој се изработуваат гарнитури. Едноставна  е за чистење, трајн аи отпорна на дамки. Гарнитурите од кожа се погодни за семејство со деца и куќни миленици. Единствена мана е тоа што се непријатни кога времето е жешко. Со оглед на тоа што температурите се екстремно високи во летниот период, ваквите гарнитури изработени од мебел ги избираат оние семејства што имаат климатизирани домови.

Лан, не е толку популарен како материјал за гарнитура, но може да се користи како опција. Не избледува и тешко се оштетува, но се гужва.

Волна, отпорна е на трошење, но ја сакаат и напаѓаат молци. Брзо избледува кога е изложена на сонце и најчесто с ечисти без вода. (Суво чистење, обавезно погледнете на етикетата).

Свила, доаѓа во предвид само кај најекстравагантните дизајни и тоа најчесто само за одредени делови на мебелот. Многу е осетлива, лесно се валка и оштетува. Се користи чисто за декорација.

Најлон (не оној најлон што го ставате на мебел за да го заштитите додека чистите , туку квалитетен и убав најлон во боја) спаѓа меѓу најотпорните синтетички навлаки. Лесно се чисти, мек е и ладен на допир.

Олефин е синтетички материл со слични својства како најлонот, само помек и осетлив на високи температури (не е за оние што сакаат да си играат со оган).

Полиестер, отпорен на сонце и трошење. изгледа како природен памук и едноставен е за чистење, но не е отпорен на топлина, што значи во близина не треба да стои оган.

Винил, изгледа како кожа, но тој е само уметнички материјал и е малку поскап. Едноставен е за чистење и траен е.

Микровлакна, најлесно е за одржавање. Одбиваат течност и тешко остануваат дамки на нив. Меки се на допир, а ноктите на куќните миленици не се зафаќаат во ваков материјал. при чистење обавезно прегледајте на проспектот бидејќи некои од нив не се чистат со вода.

Сега кога научивме се за материјалите, спремни сте да изберете и да одите да купите нова гарнитура!