Тиркизните бои на Jонското море

од  |  0 коментари

Јонското море се наоѓа помеѓу Грчка, Сицилија и континентална Италија. Јонските острови или Седум острови- Eptanisja како што ги нарекуваат грците се: Крф, Паксос, Лефкада, Крит, Кефалонија, Итака, Китира.

Крф се наоѓа во северниот дел на Јонското море, јужно од Јадранот, помеѓу копнениот дел на западна Грчка и Италија. Грците островот Крф го нарекуваат смарагден остров и Керкира, по нимфата која ја грабнал богот на морето Посејдон.

Прошетката во градот ќе Ве воведе во историјата на Крф. Венецијанските згради, споменици, византиски цркви, тврдини, тесни улици кои се преполни со таверни, дуќани и кафулиња кои излегуваат на мали плоштади преполни со зеленило. Богата историја, гостопримливи домаќини, преубаво природно окружение со песочни плажи, ридови обраснати со дрвата на маслини, смарагдно и кристално чисто море го прават островот Крф едно од најомилените летни дестинации.

Во Крф се наоѓа Палата Св. Михаил и Ѓеоргие кој ја изградиле Англичаните 1824. година и преставувала седиште и резиденција на Јонскиот Сенат и Малтешкиот ред Св. Михаил и Георѓие кои имале важна улога во службата на Голема Британија. Во градот постојат уште неколку интересни музеи: Музеј на Византинска уметност, Археолошки музеј, музеј на Азиската уметност и Српска Куќа, музеј на погинатите Срби. Самиот град е окружен со стари ѕидини и две тврдини, како и со многубројни плоштади и фонтани.

JONSKO MORE.fw

Она што препорачуваме да посетете е островот Видо со Плавата гробница, палата-музеј Ахилон, Сидари, Палеокастрица. Градот Крф бил уточиште на српската војска и Влада на чело со Кралот во време на Првата Светска војна.

Заштитникот на острвот Крф е Св. Спиридон, а големиот празник се одржува по повод на Велигденските празници, кога во градот е мошне живо и весело.

Она што задолжително треба да пробате е ликер од еден вид на мандарина – Кумкват кој се прави само на Крф.

Паксос и Антипаксос се острови кои се наоѓаат 30 километри јужно од Крф. Доколку не ги посетите овие острови во текот на престојот во Крф, тогаш Вашето летување во Крф не е комплетно.Од Крф секојдневно тргнуваат бродчиња за Паксос и Антипаксос. Овие острови се интересни како еднодневни дестинации за излет. Доколку сакате мир и тишина овие два острови се вистинско место за одмор и релаксација.

Лефкада е остров на Јонското море кое се наоѓа помеѓу Крф и Кефалонија. Името го добила по белите кречњачки стени кои како зидини излегуваат од морето (lefka-бела). Лефкада е позната по најубавите плажи на Медитеранот.

Архелошките локалитети на островот го докажуваат историскиот континуитет уште од неолит. Значајно е присуството на Микенската култура која оставила големо влиание на жителите во тој период. Најголема туристичка атракција на островот се преубавите плажи и тиркизната сина боја на морето. Богато културно историско наследство, угостителси објект, голем број на дуќани ја прави потполна туристичка понуда на островот.

До Лефкада се стигнува преку мостот со кој е островот споен со копното. Кога ќе се премини мостот се стигнува до Лефкос, главниот град кој настанал на местото на некогашната тврдина Аја Мавре од византинскиот период. Во градот постојат Архелошки музеи од пост-византинск и фолклорната уметност кои се вредни да се видат. На возвишението над градот се наоѓа манастир од 17. век.

Крит – совршено место за одмор со опуштен и релаксиран начин на живот, убаво вино, пенливо море и древна историја!

Крит е со причина родно место на кралот Минос – митолошки оснивач на првата голема европска цивилизација, Доменикос Теотокапулос- сликар повеќе познат како Ел Греко и основоположник на чувенато Критско училиште, Елефтериос Венизелос – револуционер и оснивач на модерната Грчка држава, Грк Зорба – лик од филмот кој го прославил сиртаки во целиот свет…

На Крит се наоѓаат многубројни плажи како што се Елафоноси, Балос, Дамноне, Превели, Ваи… Поред плажи причина за посетување на овој остров се секако и древните градови – палата, остатоци од Минојската култура а неизбежан е и Археолошкиот музеј во Хераклион каде што се чуват оригинални дела и предмети најдени во островот.

Крит е познат по доброто вино и здрава храна. Токму поради тоа жителите на Крит спаѓаат во најдолговечни луѓе во светот! Во многубројните таверни љубезните домаќини ќе Ви понудат локални специалитети.Причини за летување во Крит се многубројни. Затоа заминете на пат за Крит и пронајдете Вашето место на ова волшебен остров.

Кефалонија е грчки острво во кое ќе се вљубите на прв поглед! Бујна вегетација, шармантни и симпатични предели, мирисните шуми, винова лоза и маслини. Сонце и големо плаветнило на Јонското море каде што златокосите нимфи ги заведувале ратниците и рибарите.

Кефалонија е најголемиот остров на Јонскиот архипелаг со површина од 780 километри квадратни. Се верува дека го добило името врз основа на изгледот (остров со глава, kefalos-глава), но и дека е наречено по митски антички херој Кефалос. Се наоѓа јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос и преставува најелитно летовалиште во овој дел на Грчка. Главен град на Кефалонија е Аргосоли, а места кои Ви препорачуваме да ги посетите се: манастирите Агиос Герасимос и Агиос Андреас, пештерата во Мелисанија, плажата Митрос, соседниот остров Итака. А она што е задолжително е да пробате чувено вино “Робола” и сирење “Мизитра” и кефалонски мед.

Итака е планински остров со мал број на жители и преставува рај за авантуристи. Се наоѓа преку пат Кефалонија, а токму од тука според митологијата Одисеј тргнал на долгогодишно патување, додека неговата верна Пенелопа го чекала. Освен приватно сместување има и неколку хотели.

Главното место на Итака е Вати, идилична лука која се наоѓа на крајот на долгиот залив каде што живее мнозинството на жителите на островот. Со голем труд жителите успееле да го сочуваат аутентичниот изглед на Итака. Затоа го задржала духот на рибарско село, па дури и палетата на боите на фасадите е ограничена на традиционални бои на островот.

Божицата на љубовта Афродита го избрала токму островот Китира, најјужниот јонски остров, да од морската пена прими овоземаљски изглед. Ни овој остров не е место со масовен туризам, меѓутоа најубавите плажи се на југот во заливот Капсали и на источната обала во Авлемонаса.